Келхова кокошка (Фабержеово јајце)

Келхова кокошкаукрасно, велигденско јајце, напревено од страна на работилницата на Карл Фаберже, во 1898 година, како нарачка на рускиот индустријалец Александар Фердинандович Келх. Јајцето било наменето како велигденски подарок за неговата сопруга Варвара Петровна Келх[1]. Ова првото од низа на седум велигденски јајца изработени од страна на Фабержеовата работилница за семејството Келхови секоја година од 1898 па сè до 1905 година. Го следи изгледот на првото царско јаце наречено „кокошка“ [2]. Од 2004 година, јајцето е дел од приватната колекција на Виктор Векселберг и е изложено во Фабержеовиот музеј во Шуваловата палата во Санкт Петрерсбург [3][4].

Келхова кокошка
Година на изработка1898
НарачателАлександар Келх
ПримателВарвара Келх
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
Виктор Векселберг
Дизајн и материјали
МастерМихаил Перхин
Употребен материјалзлато, емајл, дијаманти
Изненадувањезачувано

Изведба

уреди

Јајцето е препокриено со црвеникав емајл u on a guilloche background. Голем сплоснат дијамант е прицврстен на едниот крај, под кој се наоѓала минијатура од Николај II. јацето се отвора со копче изработено од сплоснат дијамант, под кој е зџапишана датата на изработка 1898 година.[1].

Зачувана е и оригиналната кутија за јајцето. Во внатрешноста на кутијата бна платното со златни букви стои натпис Фабержеовата работилница - двоглав орел со натпис на руски јазик - „Предлошка:Oldrus”.

Изненадување

уреди

Во јајцето се наоѓа „жолчка“ обложена со мат емајл, белката е изработена од бел емајл, во „жолчката“ на превртена кожа седи златна кокошка, прекриена со провиден поротокалов емајл, со жолтеникаци , црвени и кафени шари, пердувите на крилјата се делумно обоени со бел емајл, додека пак очите се изработени од дијаманти.

Кокошката се отвора со помош на шарка на опашката. Во внатрешноста се наоѓа минијатурен статив и рамка. На самиот врв на стативот се наоѓа дијамант во облик на срце и рубин кој прикажува пламен. По рабовуите на рамката се наоѓаат дијаманти , и под стаклото изработено од горски кристал се наоѓа минијатурен портрет на Алексеј Николаевич Романов[1]. Портретот е вметнат подоцна, од причина што принцот се родил шест години по создавањето на јајцето. Прично, во јајцето се наоѓал портрет на нарачателот [5].

Историја

уреди

„Келховата кокошка“ била изработена од Михаил Перхин. Келховата кокошка наликува на првото царското јајце „кокошка“, но ова јајце е полуксузно и поголемо. Самиот факт што ова јајце е за сопругата како скапоцен велигденски подарок е имитирање на обичаите во царското семејство.

Келховото јајце првично било дел од Варварината колекција на почетокот на 1920-ите, кога и е откупено од страна на Леон Гринберг, претставник на Вила Русија, од изработувачот на накит во Париз, Морган, заедно со станатите 5 јајца со заедничко потекло. Оваа информација заедно со фотографии кои ја документираат работата на Карл Фаберже, се објавени во 1979 година.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Faberge. Treasures of the Russian Empire“. Архивирано од [http: //www.treasuresofimperialrussia.com/r_chap13_kelch.html изворникот] Проверете ја вредноста |url= (help) на 2010-04-19. Посетено на 2014-07-02.
  2. Faberge eggs. Part 6. Seven eggs of Kelch
  3. Kostoeva, V. (2018-05-13). + & cd = 1 & hl = en & ct = clnk & gl = ru „Faberge Treasures: How Russia Forever Lost Jewelry Brand“ Проверете ја вредноста |archiveurl= (help). Forbes. Архивирано од изворникот на 2019-12-05. Посетено на 2019-11-30.
  4. faberzhe + & cd = 2 & hl = en & ct = clnk & gl = en „Victor Vekselberg opened the Faberge Museum in St. Petersburg“ Проверете ја вредноста |archiveurl= (help). Forbes. 2012-11-19. Архивирано од изворникот на 2019-12-05. Посетено на 2019-11-30.
  5. „Easter egg "Chicken". Faberge Museum in St. Petersburg. Посетено на 2019-11-30.

Надворешни врски

уреди