Квазулу-Натал
Површина 92.100 км²;
Население 9.426.019
Јазици: зулу (80,6%)
англиски (13,6%)
Ксхоза (2,3%)
африканс (1.5%)
Раси: Црнци (85,3%)
Азијати (8,5%)
Белци (4,7%)
Главен град: Питермарицбург
Најголем град: Дурбан
Премиер: С‘бу Ндебеле
(АНК)
Местоположбата на Натал

Квазулу-Натал (англиски: KwaZulu-Natal) — покраина во Јужноафриканската Република. До 1994 г. оваа територија била составена од покраините Натал и Бантустан. Порано регионот бил нарекуван Наталија, а подоцна бил преименуван во Наталска Колонија. Натал е познат како градинска покраинаи е дом на народот Зулу. Се протега од границите со Свазиленд и Мозамбик, па сè до Источниот Кејп на југ. Малата држава Лесото исто така граничи со оваа покраина на запад.

Географија

уреди

Покраината има три различни географски области: нискиот регион долж брегот на Индискиот Океан, рамнините во централниот дел и двете планински области — Змејските Планини и венецот Лебомбо на север. Реката Тугела тече од запад кон исток преку центарот на покраината.

Просечната температура во покраината се движи од 17° до 28 °C од октомври до април и од 11° до 25 °C во поладните месеци. Годишните врнежи на дожд се околу 690 mm, паѓајќи во текот на целата година.