Источен Кејп
Oos-Kaap
Mpuma-Koloni
Површина 169,580 км2
Население 6,436,761
Јазици: Ксхоза (83%)
Африканс (9.6%) Англиски (3.7%)
Раси: Црнци (87.6%)
Обоени (7.4%)
Кавкази (4.7%)
Азијатци (0.3%)
Главен град: Бишо
Најголем град: Порт Елизабет
Премиер: Носимо Балиндлела
Местоположбата на Источен Кејп

Источен Кејп е покраина во Јужноафриканската Република. Нејзин главен град е Бишо. Оваа покраина беше формирана во 1994 година, надвор од Транскеј и Цискеј, како и од источните делови на покраината Кејп. Источен Кејп е традиционалниот дом на Ксхозите и родното место на многу истакнати Јужноафриканци, како Нелсон Мендела и Табо Мбеки.

Географија

уреди

Источниот Кејп постанува постепено повлажен од запад кон исток. Западот е главно претставен со полусувиот Кару, со исклучок на крајниот југ во кој се наоѓа дождовната шума во регионот Цицикама. Брегот е повеќе нерамен со големи плажи. Поголем дел од покраината е ридест до многу планинест помеѓу Граф-Рејнет и Родс, вклучувајќи го тука и Снојберге („Снежни Планини“ на африканс), Стормберге, Винтерберге и Змејските Планини (Дракенсберг). Највисоката точка на покраината е врвот Бен Мекдуи, висок 3001 метар. Источно од Ист Лондон, кон покраината Натал, се наоѓаат тревести површини.