Квадратна милја
(Пренасочено од Квадратни миљи)
Оваа статија се однесува на единица мерка. За поинакво значење, видете Квадратна милја (појаснување).
Квадратна милја (анг. square mile) е британска (империјална) и американска единица мерка за површина еднаква на површината на квадрат со страни од по една пропишана милја. Ова не е исто што и англискиот израз miles square („милји на квадрат“), што само изразува колку милји има страната, пред да биде дигната на квадрат за да се добие површината. На пример, 20 милји на квадрат (20×20 милји) се 400 квадратни милји.
Квадратна милја | |
---|---|
Приказ на квадратната милја (жолт квадрат) со други единици | |
Информации за мерката | |
Мерен систем | Империјални единици |
Единица за | површина |
Ознака | mi2 |
Претворање на единици | |
1 квадратна милја во ... | ... е еднакво на ... |
Империјални единици |
|
СИ единици |
|
1 квадратна милја | =640 акри |
=27 878 400 квадратни стапки | |
=2,589988110336 квадратни километри (точно) | |
≈260 хектари |
Оретворање
уреди1 квадратна милја е еднаква на:
- 4 014 489 600 квадратни инчи
- 27 878 400 квадратни стапки
- 3 097 600 квадратни јарди
- 640 акри
- 2560 рудови
- 25 899 881 103,36 квадратни сантиметри
- 2 589 988,110336 квадратни метри
- 2,589988110336 квадратни километри