Кафе општество (англиски: Café Society) - американски филм од 2016 година, во режија на Вуди Ален, кој е автор и на сценариото. Улогите во филмот ги толкуваат: Стив Карел, Џеси Ајсенберг, Кристин Стјуарт, Тес Фрејзер, итн.

Содржина

уреди

Дејството на филмот се одигрува во 1930-тите. Боби (го игра Ајсенберг) се преселува од Њујорк во Холивуд, со намера да направи успешна кариера со помош на својот вујко Фил Стерн (го игра Карел), кој е моќен филмски продуцент. Таму се запознава со неговата секретарка (ја игра Фрејзер), младата и убава Вероника и веднаш се вљубува во неа. Таа му кажува дека веќе има момче, но крие дека се работи за неговиот вујко. Иако Фил постојано ѝ ветува на Вероника дека ќе се разведе, тој нема сила да го направи тоа и ја раскинува врската. Тогаш, Вероника му станува девојка на Боби, но Фил дознава за тоа и оди кај Вероника, барајќи ја за жена, а таа се согласува да се омажи за него. Разочаран, Боби се враќа во Њујорк, каде се вработува како менаџер во ресторанот на неговиот брат, кој е мафијаш. Набргу, ресторанот станува многу успешен и познат, па Боби станува богат и во меѓувреме се жени за убава девојка. Еден ден, во ресторанот влегуваат вујкото Фил и Вероника и Боби повторно започнува да се гледа со неа. Истовремено, неговиот брат е уапсен, осуден за повеќекратни убиства и погубен на електричен стол. Во неколку наврати, Боби се среќава со Вероника, но таа останува со Фил.[1]

Наводи

уреди