Катрин Панкол (француски: Katherine Pancol, родена на 22 октомври 1957 во Казабланка) — француска новинарка и писателка на бестселери во жанрот љубовен роман.

Катрин Панкол
Роден/а22 октомври 1957
Казабланка, Мароко
Занимањеписателка
ДржавјанствоФранцузинка
Жанрљубовен роман

Биографија

уреди

Кетрин Панкол е родена на 22 октомври 1954 година во Казабланка, Мароко, каде нејзиниот татко работел како инженер за изградба на брана и згради. Кога била на 5 години се преселиле во Париз, Франција. Студирала на Универзитетот во Париз во Нантер, каде магистрирала и докторирала на класична и модерна литература.

По дипломирањето работела како наставник по француски и латински јазик. Започнала работа како новинар во „Paris Match“, а потоа во списанието „Космополитан“. Додека била во „Космополитан“ била забележана од страна на издавачот Робер Лафон кој ја поттикнал да напише роман.

Првиот нејзин роман „Moi d'abord“ бил објавен во 1979 година. Тој веднаш станал бестселер и ја направил позната. Угледот сепак започнал да и пречи, и за да избега од тежината на славните, таа се преселила да живее во Њујорк. Таму посетувала курсеви по уметничко пишување на Универзитетот Колумбија и ги напишала следните три романи: „Scarlett, si possible“, „La Barbare“ и „Les Hommes cruels ne courent pas les rues“.

Во Њујорк се омажила но подоцна се разведила. Од бракот родила две деца. Заедно со пишувањето на романи продолжила да работи и како новинар за неколку француски списанија. Во текот на работата направила интервјуа со познати личности како Роналд Реган, Жак Ширак, Џони Холидеј и Луис Брукс.

Во 1991 година се вратила во Париз, каде продолжила да ги пишува следните романи: „J'étais là avant“ и „Et monter lentement dans un immense amour

Во 2006 година го издала романот „Les Yeux jaunes des crocodiles“ („Жолтите очи на крокодилот“, кој станал меѓународен бестселер. Во 2014 година бил екранизиран во истоимениот филм.

Делата на Катрин Панкол се преведени на над 25 јазици и се издадени во над 3 милиони примероци во светот.

Во 2012 година била наградена со офицер на Францускиот орден на културата.

Дела

уреди

Романи

уреди
  • Moi d'abord (1979)
  • La Barbare (1981)
  • Scarlett, si possible (1985)
  • Les hommes cruels ne courent pas les rues (1990)
  • Vu de l’extérieur (1993)
  • Une si belle image (1994)
  • Encore une danse (1998)
  • J’étais là avant (1999)
  • Et monter lentement dans un immense amour… (2001)
  • Un homme à distance (2002)
  • Embrassez-moi (2003)

Серија Les Yeux jaunes des crocodiles'

уреди
  1. Les Yeux jaunes des crocodiles (2006)
  2. La Valse lente des tortues (2008)
  3. Les écureuils de Central Park sont tristes le lundi (2010)

Серија „Muchachas“

уреди
  1. Muchachas (2014)
  2. Muchachas 2 (2014)
  3. Muchachas 3 (2014)

Екранизација

уреди
  • 1986 Lili, petit à petit
  • 1989 La barbare
  • 1997 Bonne fête papa
  • 2014 Les Yeux jaunes des crocodiles

Надворешни врски

уреди