Катерина Емонс
Катерина Емонс (родена на 17 ноември 1983 во П’лзењ) — чешка натпреварувачка во стрелаштво. Во 2007, таа се омажила со познатиот американски стрелач Мет Емонс, па своето моминско презиме Куркова го заменила со она на сопругот. На Летните олимписки игри - 2008, таа го освои првиот златен медал, победувајќи во стрелаштво во дисциплината воздушна пушка од 10 м.
Олимписки медали | ||
Стрелаштво во женска конкуренција | ||
---|---|---|
Пекинг 2008 | воздушна пушка од 10 м | |
Пекинг 2008 | пушка од три позиции од 50 м | |
Атина 2004 | воздушна пушка од 10 м |
На нејзиниот пат до златниот медал, Емонс го изедначи светскиот и постави нов олимписки рекорд стрелајќи 400 кругови од исто толку можни. Во финалниот натпревар го постави новиот олимписки рекорд кој сега изнесува 503,5 бода.
Оваа биографска статија за личност од Чешка е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |