Катедрала Ла Лагуна

Катедралата Сан Кристобал де ла Лагуна,[1] (шпански: Santa Iglesia Basílica-Catedral de San Cristóbal de La Laguna) е катедрала и базилика која се наоѓа во истоимениот град, Тенерифе, Шпанија. Во неа се наоѓа седиштето на Бискупијата во Тенерифе. Изградбата на соборниот храм започнала во 1904 година а завршила во 1913 година. Храмот е посветен на Девица Лос Ремедиос. Ова е едно од најважните светилишта на Канарските Острови.[2]

Катедрала Ла Лагуна
Santa Iglesia Basílica-Catedral de San Cristóbal de La Laguna (шпански)
Основни податоци
МестоШпанијаСан Кристобал де ла Лагуна, Шпанија
Координати43°21′45.30″N 5°50′35.09″W / 43.3625833° СГШ; 5.8430806° ЗГД / 43.3625833; -5.8430806
ПрипадностРимокатоличка црква
Духовно-организациски статускатедрала, базилика
Архитектонски опис
Архитектонски типЦрква

Во овој храм се наоѓаат останки од Алфонсо Фернандес де Луго, освојувачот на островот и основачот на градот. Храмот е изграден во стил на неокласицизам, неоготика и ренсанса. Од 1999 година, објектот е вклучен во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО.

Наводи

уреди
  1. „Basílica Catedral de Nuestra Señora de los Remedios. La Laguna (Tenerife) - in Spanish“. Архивирано од изворникот на 2009-08-01. Посетено на 2010-02-03.
  2. „Historia de la Diócesis Nivariense - in Spanish“. Архивирано од изворникот на 2009-12-17. Посетено на 2010-02-03.

Надворешни врски

уреди