Карпеста треперка
Карпеста треперка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Тресиопашки |
Род: | Anthus |
Вид: | Карпеста тресиопашка |
Научен назив | |
Anthus spinoletta (Linnaeus, 1758) |
Карпестата треперка (науч. Anthus spinoletta) е мала врапчевидна птица од семејството на тресиопашките (Motacillidae), родот на треперките (Anthus); која се размножува во планините на јужна Европа и јужна, умерена Азија до Кина. Таа е птица преселница на кратки релации, селејќи се на влажните, ниски отворени простори зимно време. Оваа птица ја има во Македонија.
Опис
уредиКако и повеќето треперки, и карпестата е незабележителна на земја со својата криптичка обоеност, претежно кафеавкава со посветли и потемни линии одозгора и кремава со темни линии одоздола. Нозете ѝ се темни, опашката бела и има долгнавест темен клун. Летно време има впечатливо перје за време на сезоната на парење - со розовикави гради, сива глава и светла линија над окото.[2][3]
Подвидот на камената треперка (Anthus petrosus) littoralis лете е многу слична на карпестата треперка. Се разликуваат по пеењето,[4] и по живеалиштето, дури и кога живеат во исти области.[5] Карпестата треперка е многу поплашлива и веднаш бега напуштајќи го местото ако ѝ се приближуваш. Двата вида се преклопуваат во својата распространетост само во мала област во Средна Азија.[6]
Поведение
уредиЖивеалиштето на карпестата треперка се тундрите, ливадите со висока трева, но и крајбрежјата. На планините живее до височини каде достига вечниот мраз.
Овој вид се храни со инсекти.
Огласувањето му е експлозивно фит, а песната содржи 5 блока од 6 ноти кои завршуваат со повторливи трилови.[5]
Гнездото го прави длабоко скриено во високата растителност. Несе 4-5 јајца, во април или на почеток на мај, кои ги инкубира само женката 14-15 дена. Потоа обата родитела се грижат за пилињата.
Систематизација
уредиПорано, како подвидови на карпестата треперка беа вклучени: камената треперка (Anthus petrosus) и американската треперка (Anthus rubescens) кои сега се издвоени како посебни видови.[7]
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Anthus spinoletta“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ Per Alström & Krister Mild (1996). „The identification of Rock, Water and Buff-bellied Pipits“. Alula. 2 (4): 161–175.
- ↑ Per Alström & Krister Mild (1987). Some notes on the taxonomy of the Water Pipit complex. Proceedings of the 4th International Identification Meeting. Eilat: International Birdwatching Center. стр. 47–48.
- ↑ V. V. Leonovich, G. V. Deminia & O. D. Veprintseva (1997). „On the taxonomy and phylogeny of pipits (Genus Anthus, Motacillidae, Aves) in Eurasia“. Biulleten Moskovskogo obshchestva ispytatelei prirody. Otdel biologicheskii (руски). 102 (2): 14–22.
- ↑ 5,0 5,1 R. Bijlsma (1977). „Voorkomen en oecologie van Anthus spinoletta en A. s. littoralis in de uiterwaarden van de Rijn bij Wageningen“. Limosa (холандски). 50: 127–136.
- ↑ A. A. Nazarenko (1978). „On species validity of Anthus rubescens Tunstall (Aves: Motacillidae)“. Zoologicheskiy Zhurnal (руски). 57: 1743–1744.
- ↑ George Sangster, Alan G. Knox, Andreas J. Helbig & David T. Parkin (2002). „Taxonomic recommendations for European Birds“. Ibis. 144 (1): 153–159. doi:10.1046/j.0019-1019.2001.00026.x.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Надворешни врски
уреди„Карпеста треперка“ на Ризницата ? |
„Anthus spinoletta“ на Викивидовите ? |
- Ageing and sexing (PDF; 3.3 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 26 декември 2011 г.
- Avibase[мртва врска] Links in turn to Flckr Handguide