Карим Будиаф (роден на 16 септември 1990 година, во Ријеј Малмезон) — катарски фудбалер, со алжирско и мароканско потекло, играч од средниот ред на Ал-Духаил и на катарската репрезентацијата.

Карим Будиаф
Лични податоци
Полно име Карим Будиаф[1]
Роден на 16 септември 1990(1990-09-16)(33 г.)
Роден во Ријеј Малмезон, Франција
Држава Алжир Алжир
Катар Катар (од 2013)
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Ал-Духаил Ал-Духаил
Број 12
Младинска кариера
Лорјан Лорјан
Нанси Нанси
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010- Ал-Духаил Ал-Духаил 225 (16)
Репрезентација
2010-2013 Алжир Алжир 21 19 (3)
2013- Катар Катар 118 (6)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 јуни 2014
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 септември 2014

Клупска кариера уреди

Будиаф е роден во Франција од татко алжирец и мајка мароканка. Својата кариера ја започнал во родната земја играјќи во младинските категории на Лорјан и Нанси.

Во 2010 година, на возраст од 19 години се преселил во Катар, каде му се приклучил на тамошниот клуб Ал-Духаил. Будиаф целата своја кариера ја поминал играјќи за само еден клуб, забележувајќи преку 300 настапи за Ал-Духаил. Со клубот освоил 7 титули во катарското првенство, 3 купа, 4 Купа на Емирот, и два Купа на Шеихот Јасим.

Репрезентативна кариера уреди

Поради алжирското и мароканското потекло, како и фактот што е роден во Франција, Будиаф имал повеќе опции која земја ќе ја претставува на репрезентативно ниво.

Тој бил репрезентативец на младата репрезентација на Алжир под 21 година, во периодот 2010-2013, забележувајќи 19 настапи и 3 гола.

Во 2013 година, Будиаф добил карарско државјанство и решил да ја претставува оваа земја на сениорско ниво. Своето деби за катарската репрезентацијата го направил на 25 декември 2014, во победата со 1-0 над Палестина во Западноазиското првенство.[2]

Во 2019 година, тој бил дел од составот на Катар кој го освоил Азискиот куп. Истата година учествувал со репрезентацијата и на Копа Америка 2019.

Во 2022 година, бил повикан да го претставува Катар на Светското првенство 2022 на домашно тло.

Титули уреди

Клупски уреди

  Ал-Духаил уреди

2010–2011, 2011–2012, 2013–2014, 2014–2015, 2016–2017, 2017–2018, 2019–2020
2013, 2015, 2018
2015, 2016
2016, 2018, 2019, 2022

Репрезентативни уреди

  Катар уреди

2019

Наводи уреди

  1. „FIFA Club World Cup Qatar 2020: Squad list“ (PDF). FIFA. 1 February 2021. Посетено на 1 February 2021.
  2. „Match report“ (PDF). the-waff.com. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-27. Посетено на 30 December 2013.

Надворешни врски уреди