Камионетка
Камионетка[1] или пикап[2] (англиски: pickup truck, pickup) — лесно товарно возило (мал камион) со отворен товарен простор и со ниски странични (преклопни или не) страни и задна врата. Се заснова на теренските возила, кои имаат отворен товарен простор прикачен на патничката кабина. Камионетките можат да бидат со еден или два реда седишта и да возат на сите или само на задните тркала.[3][4]
Во зависност од трговиштето, камионетките можат да се разликуваат по големината, конфигурацијата на кабината и товарниот простор, снагата на влечење, моторот и шасијата. Во Северна Америка и Азија, повеќето камионетки имаат поцврста шасија, долга помеѓу пет и шест метри. Во Јужна Америка, Европа и другите развивачки области, има помали камионетки, со самоносечки каросерии, кои се засноваат на патнички автомобили од Б-сегментот, долги околу 4,5 метри. Американските и азиските камионетки обично се со преден мотор, со погон на задните тркала или со погон на четири тркала, додека европските камионетки, засновани на компактни возила, се со погон на предните тркала.
Галерија
уреди-
Од 1940-тите
-
Мала камионетка Austin/Morris
-
1976 Saab 95
-
Камионетка Daihatsu
-
Chevrolet Montana
-
Volkswagen Caddy
-
Škoda Felicia Fun
-
Fiat Fiorino
-
Камионетка Dacia Logan
-
Fiat Strada
-
Volkswagen Amarok
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „камионетка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „пикап“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Mueller, Mike (1999). The American Pickup Truck. стр. 9. ISBN 9780760304730.
- ↑ „Pickup truck Definition“. Law Insider (англиски). Посетено на 2023-12-24.
Надворешни врски
уреди- Камионетка на Ризницата ?