Камелеон
Камелеон | |
---|---|
Камелеон | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Лушпари |
Подред: | Гуштер |
Инфраред: | Игуани |
Камелеонот (латински: Chamaeleonidae) е гуштер од класата Игуани (латински: Iguania). Постојат околу 180 видови камелеони, кои се делат на две подгрупи: Chamaeleoninae и Brookesiinae.
Најголем камелеон во светот е парсоновиот камелеон којшто е застапен во тропските шуми во Филипините . Достигнуваат должина од 30 до 35 сантиметри , а краевите на опашката се обвиткани во вид на прстен . Оваа врста на камелеон е застапена на дрвјата и бавно се движи .
Особености
уредиКамелеонот се одликува со голема глава, со аглести рабови на вратот, со странично сплескано тело и долга еластична опашка, која не може да ја отфрли, бидејќи со неа се прикрепуваНа тенките долги нозе, Камелеонот има споени два и три прста. Испупчените очи се тркалезни зеници, може да гледаат во различно насоки, независно едно од друго. Телото е покриено со зрнести топчиња, меѓу кои се расфрлани големи , плочести лушпи, па затоа кожата му е растеглива. Може нагло да ја менува бојата на телото - од зелена, во темна или речиси бела, каква што е ноќе. Камелеонот може да биде долг до 30 cm. Најчесто живее на дрвјата. Се движи бавно по гранките, придржувајки се со опашката и сраснатите прсти кои личат на клешти. Кога е во опасност, го надувува телото, ја отвора устата и потемнува.
Камелеонот се одликува со способноста да ја менува бојата на кожата, а тоа го прави за да ги привлече женките, да ги заплашат соперниците или да се заштитат од грабливците, така што ќе се прикријат во околината (мимикрија). Долго време се верувало дека оваа способност се должи на промената на нивото на пигментот „меланин“ во кожните клетки „меланофори“, но научниците од Универзитетот во Женева откриле дека тоа произлегува од фотонските кристали што се наоѓаат во слоевите на клетките наречени „иридофори“, а кои се сместени под пигментските клетки. Иридофорите се сретнуваат и кај другите гуштери и жаби и тие се одговорни за сината и зелената боја на овие животни, но кај камелеонот, нанокристалите во иридофорите имаат способност да се поместуваат, со што го менуваат начинот на којшто се одбива светлината. Така, кога камелеонот е мирен, нанокристалите се организирани во густа мрежа и рефлектираат бранова должина на син спектар. Но, кога тој ќе се возбуди, мрежата на нанокристалите е опушта и тие рефлектираат други бои. Исто така, научниците откриле дека камелеоните имаат уште еден, подлабок слој иридофори, кои содржат поголеми и пораштркани кристали, кои рефлектираат бранова должина на црвениот спектар и така камелеоните си обезбедуваат заштита од топлината.[1]
Исхрана
уредиКамелеонот се храни со инсекти, кои ги чека долго и упорно, а ги лови со долгиот, леплив јазик.
Окотување
уредиЖенката се спушта на земјата и снесува околу 20 јајца, во дупка што ја покрива со лисја.
Распостранетост
уредиКамелеонот живее во Јужна Шпанија, на Крит, во Северна Африка и Блискиот Исток.
Камелеонот како мотив во популарната култура
уреди- „Островот на камелеоните“ — краток расказ на македонскиот писател Владимир Мартиновски.[2]
- „Камелеон“ (англиски: Chameleon) — песна на американската рок-група Creedence Clearwater Revival од 1970 година.[3]
- „Камелеон“ (англиски: Chameleon) — песна на американскиот џез-музичар Херби Хенкок (Herbie Hancock) од 1973 година.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Нанокристалите во кожата, а не пигментите го шараат камелеонот“, Дневник, година XIX, број 5731, среда, 1 април 2015, стр. 24.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 220.
- ↑ Discogs, Creedence Clearwater Revival – Pendulum (пристапено на 30.4.2020)
- ↑ Discogs, Herbie Hancock – Head Hunters (пристапено на 25.11.2020)