Калифорниски универзитет – Беркли

Калифорниски универзитет - Беркли (англиски: University of California, Berkeley), познат и како Ју-Си Беркли, Беркли, Кал или Калифорнија)[9][10] — јавен универзитет во Беркли, Калифорнија.[10] Основан во 1868 година како Калифорниски универзитет, тој е првиот државен универзитет што добил земјиште и основачкиот кампус на системот. Беркли нуди приближно 300 програми за додипломски и постдипломски студии во широк спектар на дисциплини.[11] Се смета за еден од најдобрите универзитети во светот.

Калифорниски универзитет - Беркли
University of California, Berkeley
Поранешно име
Калифорниски универзитет (1868–1958)
ГеслоFiat lux (латински)
На македонски
„Нека биде светлина“
ВидЈавен земјишно-грантовски истражувачки универзитет
Основан23 март 1868; пред 156 години (1868-03-23)[1]
Матична установа
Калифорниски универзитет
Доделени средства
$7,4 милијарди(2023)[2]
КанцеларРичард Лајонс
РекторБенџамин Хермалин[3]
Студенти45.307 (есен 2022)[4]
Додипломци32.479 (есен 2022)[4]
Постдипломци12.828 (есен 2022)[4]
МестоБеркли (Калифорнија), САД
КампусСредишна месност: 72 хектари[5][6]
Пошироко подрачје: 3.304 хектари[7]
ВесникКалифорниски дневник
Бои     Берклиево сино
     Калифорниска златна[8]
ПрекарЗлатни мечки
МаскотаМечокот Оски
Спортска припадност
https://www.berkeley.edu/
Кампусот на Универзитетот Беркли

Беркли е еден од 14-те основачки членки на Асоцијацијата на американски универзитети, со 789 милиони долари потрошени за истражување и развој во фискалната година која завршила на 30 јуни 2015 година.[12][13] Денес, Беркли одржува блиски односи со три национални лаборатории на Министерството за енергетика на Соединетите Американски Држави — Националната лабораторија Лоренс Беркли, Националната лабораторија Лоренс Ливермор и Националната лабораторија Лос Аламос — и е дом на многу институти, вклучувајќи го и Истражувачкиот институтот за математички науки и Лабораторијата за вселенски науки.[14] Преку својата партнерска установа Калифорниски универзитет, Сан Франциско, Беркли нуди и заедничка медицинска програма во медицинскиот центар.

Според податоците од октомври 2018 година, дипломците од Беркли, наставниот персонал и истражувачите имале 107 добитници на Нобеловата награда, 25 добитници на Тјуринговата награда, и 14 добитници на Филдсовата медалја. Тие исто така освоиел 9 Вулфових награда, 45 Макартурови признанија,[15] 20 Оскари, 19 Пулицерови награди, и 207 Олимпијских медаља (117 златних, 51 сребрних и 39 бронзаних).[16] Во 1930 година на Беркли, Ернест Лоренс го изумил циклотронот, со чија помош истражувачите на универзитетот Беркли заедно со Берклиевата лабораторија откриле или заеднички откриле 16 хемиски елементи на периодниот систем — повеќе од кој било друг универзитет на светот.[17][18][19] Во текот на 1940-тите, Берклиевиот физичар Р. Опенхајмер, „татко на атомската бомба”, го предводел проектот Менхетн со кој била креирана првата атомска бомба. Током 1960-тите, Беркли бил особено забележителен по Движењето за слободен говор како и Антивоеното движење против војната во Виетнам што ги предводеле неговите студенти.[20][21][22] Во XXI век, Беркли станал еден од водечките институти во создавањето претприемачи, неговите бивши студенти основале голем број претпријатија.[23][24][25][26][27]

Во 2018-19 година, Беркли бил сместен на 5-то место меѓународно на Академското рангирање на универзитетите во светот, 27-мо во рангирањето на светскиот универзитет QS, 15-то на рангирањето на Тајмс на светскиот универзитетско високо образование и 4-то во извештајот на агенцијата. Бил сместен на 9-то место во 2017 година според Индексот на списанието Природа, кое ги мери најголемите придонеси во публикациите објавени во 82 водечки списанија.[28][29]

Историја

уреди

Во 1866 година, приватниот Калифорниски колеџ го купил земјиштето што го опфаќа сегашниот кампус во Беркли за да го продаде како поделени парцелли за да собере средства. Тој напор не успеал да ги собере потребните средства, па приватниот колеџ се споил со државниот колеџ за земјоделство, рударство и инженерство и го основале Калифорнискиот универзитет, првиот универзитет во државата со полна наставна програма.

По неговото основање, во Законот на Двинел (закон за Калифорнискиото собрание бр. 583) навел дека „Универзитетот, во согласност со својот устав, ќе обезбеди настава и темелно и целосно образование во сите области на науката, книжевноста и уметноста, индустриските и професионалните активности, и општо образование, како и специјализирани курсеви за обука во подготовка за занимања“.[30][31]

Наводи

уреди
  1. „A brief history of the University of California“. Academic Personnel and Programs. Архивирано од изворникот на October 21, 2020. Посетено на August 24, 2020.
  2. As of June 30, 2023; Total Endowment Assets. „Annual Endowment Report, Fiscal Year Ended June 30, 2023“ (PDF). University of California.
  3. „Home | Executive Vice Chancellor and Provost“. evcp.berkeley.edu. Посетено на July 7, 2022.
  4. 4,0 4,1 4,2 „UC Berkeley Quick Facts“. UC Berkeley Office of Planning and Analysis. Посетено на October 21, 2021.
  5. „College Navigator – University of California-Berkeley“. National Center for Education Statistics.
  6. „UC Berkeley Zero Waste Plan“ (PDF). University of California-Berkeley. September 2019. стр. 5. Посетено на October 12, 2020.
  7. „University of California 21/22 Annual Financial Report“ (PDF). University of California. Архивирано од изворникот (PDF) на May 23, 2023. Посетено на February 20, 2023.
  8. „Primary Palettes“. Berkeley Brand Guidelines. University of California, Berkeley. Посетено на May 7, 2017.
  9. „Trademark Use Guidelines and Requirements“ (PDF). University of California, Berkeley. Посетено на 18. 2. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  10. 10,0 10,1 „Name“. Berkeley, University of California. 2014. Архивирано од изворникот на 7. 4. 2014. Посетено на 24. 3. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  11. „History – UC Berkeley“. Berkeley.edu. Посетено на 8. 6. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  12. „Rankings by total R&D expenditures“. National Science Foundation. Архивирано од изворникот на 13. 1. 2017. Посетено на 19. 1. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  13. „Member Institutions and Years of Admission“. Association of American Universities. 2011.
  14. „UC National Laboratories | UCOP“. www.ucop.edu (англиски). Посетено на 6. 4. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  15. Maclay, Kathleen (28. 9. 2010). „Two young faculty members named MacArthur "genius" fellows“. Newscenter.berkeley.edu. Посетено на 8. 6. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  16. „California Golden Bears Olympians“. calbears.com. Посетено на 23. 8. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  17. „Ernest Lawrence's Cyclotron“. www2.lbl.gov. Посетено на 6. 4. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  18. „Chemical Elements Discovered at Lawrence Berkeley National Laboratory“. Lbl.gov. 7. 6. 1999. Посетено на 7. 3. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  19. „Branding the Elements: Berkeley Stakes its Claims on the Periodic Table“. Cal Alumni Association. Посетено на 7. 3. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  20. „Days of Cal | Berkeley in the 60s“. bancroft.berkeley.edu. Архивирано од изворникот на 14. 01. 2013. Посетено на 19. 1. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  21. „Berkeley FSM | Free Speech Movement 50th Anniversary“. fsm.berkeley.edu (англиски). Архивирано од изворникот на 08. 08. 2017. Посетено на 19. 1. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  22. „Unforgettable Change: 1960s: Free Speech Movement & The New American Left | Picture This“. picturethis.museumca.org (англиски). Архивирано од изворникот на 29. 12. 2018. Посетено на 19. 1. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  23. „The list of top schools for producing tech entrepreneurs shows how clubby Silicon Valley really is“. Quartz. 1. 9. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  24. „In startup sweepstakes, it's Cal vs. Stanford“. Berkeley News (англиски). 9. 9. 2016. Посетено на 6. 4. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  25. „UC Berkeley third-largest producer of entrepreneurs, report says | The Daily Californian“. The Daily Californian (англиски). 18. 8. 2013. Архивирано од изворникот на 08. 10. 2019. Посетено на 6. 4. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date=, |archive-date= (help)
  26. „The University Entrepreneurship Report – Alumni of Top Universities Rake in $12.6 Billion Across 559 Deals“. CB Insights Research (англиски). 29. 10. 2012. Посетено на 6. 4. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  27. „Innovation and Entrepreneurship | Research UC Berkeley“. vcresearch.berkeley.edu (англиски). Архивирано од изворникот на 16. 07. 2019. Посетено на 6. 4. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  28. „10 institutions that dominated science in 2017“. Посетено на 28. 5. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  29. „Introduction to the Nature Index“. Посетено на 28. 5. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  30. „History of UC Berkeley“. University of California, Berkeley. Архивирано од изворникот на 8. 2. 2011. Founded in the wake of the gold rush by leaders of the newly established 31st state, the University of California's flagship campus at Berkeley has become one of the preeminent universities in the world. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  31. Berndahl, Robert (8. 10. 1998). „The Future of Flagship Universities“. University of California, Berkeley. Архивирано од изворникот на 7. 2. 2011. Проверете ги датумските вредности во: |date=, |archive-date= (help)

Надворешни врски

уреди