Fiat lux
Fiat lux — латински израз што се содржи во почетокот на Битие 1:3. Ова е првиот збор Божји, наредба дадена кога тој ја создал светлината на првиот ден од создавањето на светот, што на македонски е преведено со „Нека биде светлина!“.[1] Изворната верзија на текстот, на хебрејски, е יְהִי אוֹר (yehi 'or). Грчкиот превод е γενηθήτω φῶς (genēthḗtō phôs).
Целата реченица на латински е Fiat lux et facta est lux што на македонски е преведено како: „Нека биде светлина! И би светлина“.[1]
Мото
уредиFiat Lux е мото на неколку универзитети, училишта и една екипа во е-спорт:
- Корнвејски колеџ (Машоналенд Запад, Зимбабве);
- Калифорниски универзитет (Калифорнија, САД);
- Акронски универзитет (Охајо, САД);
- Летбриџски универзитет (Алберта, Канада);
- Екипата Пари Етернал од Овервоч лигата.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Создавање на светот. Човекот образ Божји“. Свето писмо. Посетено на 9 декември 2024.