Кале (Евла)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Кале

Карта

Местоположба 41°4′29″N 20°57′21″E / 41.07472° СГШ; 20.95583° ИГД / 41.07472; 20.95583
Основни податоци
Место Евла
Општина Ресен
Тип

 населба


Период среден век
Портал „Археологија“

Калеархеолошко наоѓалиште во преспанското село Евла. Претставува населба од средниот век. Се наоѓа на 5 км североисточно од селото, каде на висок рид со зарамнето плато што се издига над Кошарска и Источка Река, на поголем тешко пристапен простор се гледаат остатоци од утврдена населба. Откриени се ѕидови на повеќе објекти ѕидани од камен и варов малтер. Професор Томо Томоски го идентификувал наоѓалиштето Кале со населбата Василица, позната во записите од XI век.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069