КАМАЗ
КАМАЗ (рус. Камский автомобильный завод) е руска фабрика за камиони и автобуси, во Набережније Челни, Татарстан, Русија. КАМАЗ го составиле првиот модел на камион во февруари 1976 и денес КАМАЗ е еден од најголемите изработувачи на камиони во Азија и Европа. Камионите на КАМАЗ победиле на Релито Дакар, рекордни 14 пати. Денеска КАМАЗ е најголемиот произведувач на камиони во Русија, Блискиот Исток и Северна Африка. Фабриката произведува 93600 камиони годишно (260 камиони на ден). Повеќето КАМАЗ камиони имаат V8 мотор. Исто така и руската армија користи специјални варијанти на КАМАЗ.
Вид | Општествено (РТС-2:KMAZ) |
---|---|
ISIN | RU0008959580 |
Дејност | Автомобилска |
Основано | 1969 |
Седиште | Набрежние Челни, Татарстан, Русија |
Клучни личности | Сергеј А. Когонин (ген. директор) num_employees = 52.000 |
Производи | Камиони и автобуси |
Доход | ▲ US$ 3 милијарди |
Мреж. место | Kamaz.net |
Историја
уреди- Во 1969, Централниот Комитет на Комунистичката Партија на СССР одлучил да се отвори фабрика за произведување на камиони во Набережние Челни.
- Произведувањето започнало на 13 декември 1969, но првиот КАМАЗ бил изработен дури на 16 февруари 1976.
- Во 1987 г. линијата на произведување на VAZ-1111 Ока мини автомобилот
- На 14 април 1993 г. пожар ја уништил фабриката за произведување на мотори на Камаз.