Историски центри на Белград и Ѓирокастро

Историските центри на Белград и Ѓирокастро (албански: Qendrat historike të Beratit dhe Gjirokastrës) — ги опфаќа градовите Белград (Берат) и Ѓирокастро во јужна Албанија. Ѓирокастро бил додаден на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 2005 година, додека Белград бил додаден како проширување на локацијата во 2008 година.[1][2] Тие се впишани како ретки примери на архитектонски карактер типичен за отоманскиот период.[3]

Историски центри на Белград и Ѓирокастро
светско наследство на УНЕСКО
Панорами на Белград (горе) и Ѓирокастро (долу)
МестоАлбанија
Критериумкултурно: iii, iv
Навод569
Запис2005 (XXIX заседание)
Дополнувања2008

Белград често се нарекува град на илјада прозорци и се смета за едно од архитектонските богатства на Албанија. Трагите од Илирите, Грците, Римјаните, Византијците и Османлиите се уште се евидентни и добро зачувани во градот со замоци и дворци, стари цркви и џамии и импресивни ѕидни слики, икони и мурали.[4][5] Низ вековите Белград бил местото каде што во мир коегзистирале различни религии и заедници.

Ѓирокастро, наречен град на камен, се протега на стрмната страна на долината на реката Дрино со поглед на историскиот пејзаж со живописна камена архитектура врамена со планини од секоја страна. Како и повеќето други градови во Албанија, Ѓирокастро носи архитектонски богатства на различни цивилизации кои претходно го освоиле регионот.

Атракции

уреди

Наводи

уреди
  1. „Three new sites inscribed on UNESCO's World Heritage List“.
  2. UNESCO World Heritage Site. „Historic Centres of Berat and Gjirokastra“. whc.unesco.org (англиски).
  3. UNESCO World Heritage Site. „Museum-City of Gjirokastra“ (PDF). whc.unesco.org.
  4. UNESCO World Heritage Site. „Advisory Body Evaluation (ICOMOS) - Historic centres of Berat and Gjirokastra (Albania) No 569“ (PDF). whc.unesco.org (англиски).
  5. „Icons from the Orthodox Communities of Albania - COLLECTION OF THE NATIONAL MUSEUM OF MEDIEVAL ART, KORCË“ (PDF). helios-eie.ekt.gr (англиски). стр. 20.