Исповед на бршленот
„Исповед на бршленот“ – стихозбирка на македонската поетеса Јованка Денкова од 2024 година.
Содржина
уредиЗбирката содржи 55 песни, распоредени во три циклуси:[1]
Минато
уреди- Бршлен
- Дребности
- Господарка на тагата
- Верност
- Како?
- Предавство
- Капка
- Лаги
- Недостаток
- Желба
- Сам
- Време на спомените
- Ако
- Последно свртување
- Черги
- На баба ми
- Шпајз
- Колачи од кокос
- Крај реката (1)
- Времеплов
Откривање на светот
уреди- Утро крај езеро
- Молитва (1)
- Езеро
- Галеб
- Прегратка
- Мир
- Спомени
- Гола надеж
- Сознание
- Испраќање на есента
- Клетва
- Срцето боли
- Смени го
- Времето лечи
- Липи
- Сеќавање
- Крај реката (2)
- Пранги
- Заборав
- Чемер
Другата во мене
уреди- Ноќни дијалози
- Одмор
- Немир
- Завет
- Зборови
- Македонија
- Молитва (2)
- Денови
- Разочараност
- Тврдина
- Години
- Навраќање
- Очекување
- Празнична
- Бегство
- Корени
- Старецот и розата
- Од дневникот на еден затвореник
- Меланхолија
- Заложничка
Технички податоци
уредиКнигата, со обем од 102 страници и со димензии од 20 сантиметри, е објавена како самостојно издание на авторката, а со финансиска поддршка од Министерството за култура на Македонија. Автор на илустрацијата на корицата е Петар Денков, а лектурата и коректурата ги направил Игор Станојоски. Книгата е отпечатена во печатницата „2-ри Август“ во Штип, во тираж од 200 примероци. Таа е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-66129-1-7.[2]
Осврт кон делото
уредиВо својата рецензија, Васил Тоциновски ја оценува збирката како „пример на успешно естетско и етичко обединување на обете нивоа на книжевното создавање“. Според постапката на поетскиот говор, авторката ја сфаќа поезијата како систем на чувства при што со лирскиот третман ги раздиплува сите прашања, недоумици и дилеми на човековата егзистенција. Темите и мотивите извираат длабоко од душата, а интимниот свет се огледува во постојана, вечна потрага по мислата и смислата на постоењето. Употребувајќи ја „јас“-формата, авторката ги воспева општочовечките вредности при што сегашноста е златна врска меѓу минатото и иднината. Оттука, и хронологијата во збирката започнува со минатото (првиот циклус), вториот циклус е посветен на мигот сегашен, додека во третиот циклус авторката е свртена кон идното време.[3]