Исламот во Отоманското Царство

Исламот во Отоманското Царство — официјална религија на Отоманското Царство. Највисоката позиција во исламот, калифат, била официјално признаена од султанот, по поразот на Мамелучкиот Султанат. Султанот требало да биде побожен муслиман и ја имал функцијата калиф. Освен тоа, сунитските свештеници имале огромно влијание врз владата и нивниот авторитет бил од централно значење за регулирање на економијата. Дополнително, имало врховна позиција наречена Шејк-ул ислам. Малцинствата, особено христијаните и евреите биле задолжени да ја платат џизија, данокот наложен од традиционалниот ислам.

Михраб во џамијата

Закон

уреди

Османлискиот закон не ги препознавал поимите како што се етничката припадност или државјанството. На тој начин, муслиман од која било етничка припадност уживал исти права и привилегии. Под такви услови, муслиманските Арапи во царството гледале како на обновена исламска држава. Сепак, дури и ако калифатот играл значајна улога, вистинското постоење на овие чувства е дискутабилно. До 17 век, магребските територии биле само номинално под отоманска контрола и Египет бил речиси независен до почетокот на 19 век.

Во доцниот 18 век, а особено во текот на 19 век, реформите по европски стил го туркале исламот надвор од влијателните позиции и го намалиле влијанието на неговите водачи во владата. Џизијата била укината и ексклузивната моќ на исламските водачи се намалило. И покрај тоа, владата во времето на реформаторските султани сè уште се обидувала да го зацврсти Ханафискиот ислам. Паралелно со реформите започнал да се воведува и концепт кој се обидел да ги интегрира сите отомански граѓани во една општествена класа (муслиманска и немуслиманска) со еднакви даночни и воени обврски. Како резултат на тоа, верските малцинства (кои можеби дури и не ги добиле целосните права според предреформно османлиско владеење) се побуниле.

Сунитски ислам

уреди

Од основањето на Отоманското Царство, Османлиите го следеле Матуридизмот (училиште за исламска теологија) и Ханафискиот ислам (школа за исламска јуриспруденција)[1][2][3]. Но Ашаритската школа била поприсутна во медресите (исламски училишта).

Кемал Ататурк изјавил: „Нашата религија е рационална, веродостојна религија, и затоа е последната валидна религија.

Редовни верувања

уреди

5 столбови на верата:

Наводи

уреди