Искра било политичко-општествено и литературно списание. Се печатело во Солун од 1 декември 1911 до 15 септември 1912 година.[1] Излегувало двапати месечно (освен јули и август). Го уредувале: Георги Баждаров (одговорен уредник и сопственик), Борис Мончев, Кирил Прличев, Атанас Разбојников и Симеонов. Било печатено во печатницата на Коне Самарџиев. Има богата содржина од написи за внатрешнополитички прашања, актуелна хроника, литературни прилози, рецензии, библиографија и др. Објавени се вкупно 15 броја. Се залагало за зголемување на самоуправните права на општините, казите и вилаетите.[2]

Искра
1 јануари 1912 година
Типдвомесечно списание
СопственикГеорги Баждаров
УредникБорис Мончев
Основан1911
Јазикбугарски

Наводи

уреди
  1. Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 244-245.
  2. Д-р Боро Мокров - М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 56.

Надворешни врски

уреди