Исак Болеславски
Исак Ефремович Болеславски (руски: Исаак Ефремович Болеславский; 9 јуни 1919, Золотоноша, Полтавска губернија - 15 февруари 1977, Минск) бил советски шаховски велемајстор, кандидат за светски првак, теоретичар и тренер.
Исак Болеславски | |
---|---|
Исак Болеславски во 1960 година | |
Целосно име | Исак Ефремович Болеславски |
Земја | СССР |
Роден | 9 јуни 1919 Золотоноша, Полтавска губернија (денешна Украина) |
Починал | 15 февруари 1977 Минск, Белоруска ССР, СССР |
Титула | велемајстор |
Најв. ранг | 2560 (јули 1971) |
Животопис
уредиБолеславски се родил во еврејско семејство во местото Золотоноша (денешна Украина) во 1919 година. Шах научил да игра на деветгодишна возраст, а уште како ученик остварил завиден успех со победата на чилишното шаховско првенство во 1933 година. Две години подоцна, заврпил трет на сесоветското младинско шаховско првенство, коешто се одржало во Ленинград; а во 1938, 1939 и во 1940 година, трипати по ред бил првак на Украинската ССР. Поради овие успеси, во 1939 година ја стекнал советската титула „Мајстор на спортот“. Првото свое учество на првенството на СССР го забележал во 1940 година, кога завршил на делба на 5. и 6. местото (заедно со Ботвиник).