Интеркалација

вметнување на дополнителен ден, недела или месец

Интеркалација — вметнување на престапен ден, недела или месец со цел календарските години да се усогласат со годишните времиња.

Сончевата година не се состои од цели денови, но календарската година мора да се состои од цели денови. Единствениот начин ова да се усогласи е да се промени бројот на денови во календарската година.

Во многу календари, ова се прави со додавање на дополнителен ден (престапен или интеркаларен ден) на обичната година од 365 дена. Со тоа се добива престапна година од 366 дена.

Едиктот од Каноп, издаден од фараонот Птоломеј III, Еуергет од Египет во 239 година. пр. Хр., го утврдил системот на престапни години.

Во грегоријанскиот календар, како и во јулијанскиот календар што му претходел, интеркалирањето се врши со додавање еден ден на месец февруари во секоја престапна година. Во јулијанскиот календар, ова се случува на секои 4 години.

Сончевата година, исто така, нема цел број на лунарни месеци, така што месечевиот календар мора да се користи со променлив број на месеци во една година. Обично е 12 месеци, но понекогаш на годината се додава и 13-ти месец (интеркаларен или емболизмички месец).

ISO 8601 вклучува година од 52 недели. Секоја година која има 53 четвртоци има 53 недели; таа дополнителна недела може да се нарече интеркаларна.

Утврдувањето дали една година има интеркалација може да се пресмета според (јулијанскиот, грегоријанскиот или хебрејскиот календар) или да се определи со набљудување (ирански календар).

Поврзано

уреди