Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
(Пренасочено од Институтот за македонски јазик)
- Оваа статија се однесува на институтот за македонски јазик. За истоимениот деец, погл. Крсте Петков Мисирков.
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ — регулативно тело на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје што се занимава со македонскиот јазик, неговата историја, граматика и развиток. Институтот е основан во март 1953 година за да се регулира стандардизирањето на македонскиот јазик и за да се организираат и контролираат студиите за македонскиот јазик. Создаден е како наследник на институтот за фолклор и литература. На почетокот на својот развој, институтот работел во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје, но набрзо се осамостоил во посебна и независна институција.
Оддели
уредиДенес, институтот се состои од пет оддели:
- Оддел за историја на македонскиот јазик
- Оддел за стандарден македонски јазик
- Оддел за дијалектологија
- Оддел за македонска лексикологија и лексикографија
- Оддел за ономастика