Инола Х — македонска музичка рок група активна во 1984 и 1985 година, создадена од Ристо Вртев.[1] Оваа група била всушност преодна фаза меѓу двата големи бенда од кои Ристо Вртев бил дел, Мизар и Архангел.

Инола Х
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровипауер-поп, рок
Период на активност1984–1985
ИздавачиРадио Скопје
СоработнициМизар
Архангел(музичка група)
Хаос ин Лаос
Никола Димушевски
Поранешни членови
Ристо Вртев
Горазд Чаповски
Валентин Забијакин
Жарко Серафимовски
Значајни инструменти
гитара
бас
тапани

Историја уреди

Почеток уреди

Ристо Вртев во домашни услови, на ритам машина и синтисајзери, ги создал основите на неколку песни. Овие песни му се допаднале на Никола Димушевски, и двајцата заедно, но финансирано од страна на Ристо Вртев, влегле во студиото на Радио Скопје, за да ги направат првите две студиски снимки испеани на српскохрватски јазик: Све твоје дражи и Ситне капљице. Песните биле доставени до белградските радио станици, и еден подолг период не се симнувале од првите места на демо топ листите. Летото повторно во М-2 студиото на РТС, ги снимиле и Само тебе те љубам, Милион ружи, Сите твои волшепства и Ти. На снимањето се појавил и тапанарот на Пасквелија, Жарко Серафимовски и дал свој придонес во снимањето. Благодарение на успехот кој го постигнале демо снимките, во Белград, кон крајот на летото Ристо Вртев ја добил и поканата за настап на првото издание на фестивалот „МЕСАМ“. Поканата ја прифатил, а тоа значело оформување на состав во кој Жарко Среафимовски застанал зад тапаните, Горазд Чаповски на гитара и Валентин Забијакин на бас.

1984 година уреди

Првото појавување пред публика на Инола X било на третиот Рок фест, во квалификациска вечер одржана на 20 ноември 1984 година, во Дом на млади – „25 Мај“. Една недела подоцна членовите на Инола X биле на пат за Белград за да настапат на, во тоа време, најголемиот и медиумски најдобро опсервиран фестивал, „МЕСАМ“. По овој настап следувало уште едно искачување на сцената во „25 Мај“, во полуфиналето на 15 декември 1984 г., а потоа следувал и настап на финалната вечер на 22 декември 1984 г. во салата на „КК Работнички“. На финалната вечер на клавијатури свирел Драгиша Солдатовиќ-Лабиш. Кон крајот на март 1985 г., членовите на Инола X уште еднаш влегле во Радио Скопје, како награда за учеството во големото финале на Рок фест, и во продукција на Никола Кимовски ги снимила антологиските Сепак постои утро во мене и Ти. На Никола му се допаднале материјалите, особено Ти и ги отсвирил клавирските делници, а го повикале и Гоце Мицанов како гостин на саксофон.

1985 година уреди

На почетокот на март 1985 година Инола X добиле покана од Нови Сад за разгледување на можноста за издавање на плоча. Планот на Ристо бил понудата да се разгледа по одработување на предвидените концерти. До крајот на својата кратка кариера, групата уште двапати се искачила на бина, на хуманитарниот „Рок концерт за етиопските мајки“, одржан на 15 март 1985 г. во „25 Мај“, а последниот настап на групата бил заедничкиот концерт со Бадмингтонс, на 27 април 1985 година во клубот „Мусандра“.

По растурање на групата уреди

Ристо и Жарко заминале во ЈНА. Валентин се повлекол од музиката, Златан продолжил со Хаос ин Лаос, а Горазд го создал краткотрајниот проект Берлин гори. На првото отсуство од ЈНА, кон крајот на годината, Ристо Вртев уште еднаш се искачил на бината во “25 Мај”, заедно со Васил Христов-Вуси. Неформалниот музички перформанс поминал во изведба на песни од репертоарот на Инола X. По враќањето од ЈНА, Жарко продолжил со Хаос ин Лаос, а Ристо заминал да живее во Белград, сè до есента 1988 година, кога се вратил за да го оформи Архангел.  

Дискографија уреди

Компилации уреди

Наслов Носач на звук Издавачка куќа Година
V.A. - Македонски Документ 2 / Sepak postoi utro vo mene CD Trot 1995


Наводи уреди

  1. Филиповски, Тошо (2018). Македонска Рок Енциклопедија. Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. стр. 128.