Индекс на дигитална економија и општество
Индексот на дигитална економија и општество (DESI) ги проследува вкупните дигитални перформанси на Европа и го следи напредокот на земјите во ЕУ во однос на нивната дигитална конкурентност. Годишно, индексот ги проследува активностите на земјите членки во однос на дигитални вештини, дигитално поврзување, активности на Интернет и дегитални јавни услуги. Се тоа е со цел да се процени состојбата на дигитализација во секоја земја членка. Дополнително, ги идентификува областите во кои треба да се направат приоритетни инвестиции и други видови активности.[1] Обединува множество релевантни индикатори, организирани во 5 димензии:
- Поврзливост (фиксен и мобилен широкопојасен интернет, цени)
- Човечки капитал (употреба на Интернет, основни и напредни дигитални вештини)
- Употреба на интернет-услуги (употреба на содржина од страна на граѓаните, комуникација, трансакции преку Интернет)
- Интеграција на дигиталната технологија (деловна дигитализација, е-трговија )
- Дигитални јавни услуги ( е-влада, е-здравство ).
Поврзливост
уредиДимензијата за поврзливост на DESI гледа и на фиксниот и на мобилниот широкопојасен интернет. Според првото, тој го проценува навлегувањето на целокупниот и ултрабрзиот широкопојасен интернет од најмалку 100 Mbps, достапноста на брз широкопојасен интернет со пристап од следната генерација и мрежи со фиксни многу високи капацитети, а исто така ги разгледува и цените на малопродажните понуди. Вториот зема предвид покриеност со 4G, земање на мобилен широкопојасен интернет (3G и 4G) и подготвеност за 5G.
Распоредувањето на широкопојасна мрежа треба да биде во чекор со рапидно растечкиот интернет сообраќај и на фиксни и на мобилни мрежи. Иако ЕУ има целосна покриеност на основната широкопојасна инфраструктура, само 44% од домаќинствата имаат корист од мрежите со многу висок капацитет. Земји со мрежи со многу висок капацитет, т.е. со повеќе од 90% покриеност се Данска, Луксембург и Малта. Спротивно на тоа, во Грција, Велика Британија, Кипар и Австрија помалку од 20% од домаќинствата имаат пристап.
Во 2016 година, Европската комисија го усвои Акциониот план за 5G за Европа и постави цел да започне 5G услуги во сите земји-членки кон крајот на 2020 година. Доделувањето на спектарот 5G служи како неопходен предуслов за комерцијално лансирање на 5G во секоја земја. Досега, само 17 земји-членки имаат доделено 5G спектар и само 21% од вкупниот износ на 5G спектар е доделен на ниво на ЕУ. Земјите со најдобри перформанси се Германија, Италија, Финска и Унгарија.
Човечки капитал
уредиПандемијата на корона вирусот докажа колку се важни дигиталните средства за нашата економија и како основните и напредните дигитални вештини го одржуваат нашето општество. Додека 85% од граѓаните на ЕУ користеа интернет пред пандемијата КОВИД-19, само 58% поседуваа барем некои основни дигитални вештини, кои служат како ’рбет на дигиталното општество, а без никакви дигитални вештини, не може целосно да се употреби користењето на дигитални технологии. Пандемијата можеби позитивно влијаеше на бројот на корисници на Интернет, но развојот на дигитални вештини не доаѓа автоматски со тоа. Дигиталните вештини се движат од основните вештини за употреба кои им овозможуваат на поединците да учествуваат во дигиталното општество и да консумираат дигитални добра и услуги. Напредните вештини пак, ја поттикнуваат работната сила да развива нови дигитални добра и услуги.
Димензијата на човечки капитал на DESI има две поддимензии кои ги опфаќаат вештините на корисниците на Интернет и напредните вештини и развој. Првиот се базира на индикаторот за дигитални вештини на Комисијата, пресметан врз основа на бројот и сложеноста на активностите што вклучуваат употреба на дигитални уреди и Интернет. Последната поддимензија ја разгледува работната сила и нејзиниот потенцијал за работа и развој на дигиталната економија. Ова го зема предвид процентот на луѓе во работната сила со специјалистички вештини за ИКТ и вклучува посебен индикатор за жени специјалисти за ИКТ. Во исто време, се гледа и уделот на дипломираните студенти во ИКТ.
Употреба на интернет услуги
уредиУпотреба на разновидните интернет услуги е возможна за оние граѓани кои имаат пристап до интернет конекција и потребните вештини за да ги искористат во своја полза. ДО почетокот на КОВИД-19 кризата 85% од гражаните веќе биле интернет корисници, но кризата помогна овој процент да порасне и инеракциите кои корисниците ги извршуваат на мрежата.Оваа димензија на DESI ја пресметува количината на луѓе кои користат интернет и активностите кои ги извршуваат. Меѓу нив, некои примери се потрошувачката на онлајн содржина (на пр. музика, филмови, ТВ или игри; добивање новости преку медиуми или вклучување во социјална интеракција), користење на современи комуникациски активности (на пр. видео повици), и трансакциски активности како што се купување преку интернет и е-банкарство.
Во ЕУ сè уште има многу разлики помеѓу земјите-членки во однос на користењето на интернет услугите. Финска, Шведска, Холандија и Данска се земјите со најактивни корисници на интернет, веднаш по нив следуваат Велика Британија, Малта, Естонија и Ирска. Од друга страна, Романија, Бугарија и Италија се најмалку активни. Ирска и Шпанија беа земјите-членки кои забележаа најголемо подобрување во оваа димензија во споредба со минатите години.
Користењето интернет за слушање музика, играње игри или гледање видеа е сè уште најчеста активност (според 81% од лицата кои користеле интернет во последните 3 месеци). Читањето вести на интернет е втора најпопуларна активност прикажана во DESI (72%), додека две третини од корисниците на интернет купуваат прозиводи (71%) или користат е-банкарски услуги (66%).
Интеграција на дигиталната технологија
уредиДигиталните технологии им овозможуваат на компаниите да напреднуваат во однос на своите конкуренти со подобрување на нивните услуги, производи и проширување на нивните пазари. Оваа дигитална трансформација на деловните активности го унапредува развојот на нови и доверливи технологии, истовремено откривајќи нови можности за нив. Оваа димензија на DESI ја мери дигитализацијата на компаниите и активностите поврзани со е-трговија.
Најдобро рангирани држави во оваа димензија се Ирска, Финска, Белгија, Холандија, Данска и Шведска со повеќе од 55 поени (од можни 100). На другиот крај од скалата, Бугарија, Романија, Унгарија, Полска, Грција и Летонија се последни со освоени помалку од 35 поени, значително под просекот на ЕУ, кој е 43 поени.
Водечките земји на „дигитализација на деловната активност 4а“ (т.е. електронско споделување информации, друштвени медиуми, големи податоци и облак-услуги) се Финска, Холандија и Белгија, со резултати од над 60 поени. Бугарија, Унгарија, Полска, Романија, Латвија и Словачка заостануваат во усвојувањето е-бизнис технологиите, со резултати под 40 поени. Ирска, Чешка, Данска, Белгија и Шведска се првите пет земји во „4б е-трговија“ (т.е. МСП кои продаваат преку интернет, промет на е-трговија и продаваат прекугранична мрежа преку интернет), со оценки над 60 поени. Ирска води во сите три индикатори според е-трговијата, додека Бугарија, Грција, Луксембург и Романија се најслабо рангирани земји со под 25 поени.
Дигитални јавни услуги
уредиПоследниот дел од ДЕСИ е поврзан со податоци околу е-влада. Поконкретно, тоа се мерливи податоци од страна на понуда и побарувачка на дигитални јавни услуги, отворени податоци, претходно пополнети формулари, комплетноста на услугата преку Интернет, центричност на корисникот, клучни активатори како што се електронска идентификација, е-документи, автентични извори и дигитални пошти и некои други индикатори.