Империјална академија на уметностите
Империјална академија на уметностите (руски: Императорская Академия художеств) во Санкт Петербург, неформално позната како Санкт Петербуршка академија на уметностите, основана е во 1757 година од страна на основачот на Империјалниот Московски Универзитет Иван Шувалов под името Академија на три најплеменити уметности. Катерина Велика го преименувала во Империјална академија на уметностите и започнала нова зграда, завршена 25 години подоцна, во 1789 година покрај Нева. Академијата го промовирала неокласичниот стил и техника, и ги испратила своите перспективни студенти во европските метрополи за понатамошни студии.
Императорская Академия художеств | ||
Главната зграда на академијата | ||
Вид | Империјална Академија на уметностите на Руската Империја | |
---|---|---|
Активен | 1757–1917 | |
Основач | Иван Шувалов | |
Место | Санкт Петербург, Руска Империја
|
Формално била укината во 1918 година по Руската револуција, а потоа академијата била преименувана неколку пати. Во 1947 година, националната институција била преместена во Москва, а голем дел од нејзината уметничка колекција бил преместенаво Ермитаж. Зградата во Ленинград била посветена на Ленинградскиот институт за сликарство, скулптура и архитектура на Илија Репин, именуван по еден од најистакнатите руски реалисти. Од 1991 година наречен е „Санктпетербуршки институт за сликарство, скулптура и архитектура“.
Царска Русија
уредиАкадемијата се наоѓала во палатата Шувалов на улицата Садова. Во 1764 година, Катерин Велика ја преименувала палатата во Царската академија на уметности и нарачала од својот прв ректор Александар Кокоринов да дизајнира нова зграда. Биле потребни 25 години да се заврши неокласичната зграда, која била отворена во 1789 година. Исто така пред зградата дизајнирано е пристаниште, со скалила кон Нева, украсено со две сфинги стари 3000 години, кои биле пренесени од Египет.
Иван Бетској ја реорганизирал академијата во владин оддел; тој ги надгледувал прашањата што се однесувале на уметностите низ целата земја, дистрибуирал порачки и доделувал чинови на уметници. Академијата енергично ги промовирала принципите на неокласицизмот испраќајќи ги најважните руски сликари во странство да ги научат античките и ренесансните стилови на Италија и Франција. Таа исто така имаше своја голема колекција на уметнички дела наменети за учење и копирање на истите.
Во средината на 19 век, академизмот обука на персоналот, под силно влијание на доктрините на Доминик Ингрес, беше предизвикана од помладата генерација руски уметници кои ја потврдија својата слобода на сликање во реалистичен стил. Поддржувачите на ова движење станаа познати како передвижници. Предводени од Иван Крамској, тие јавно ја прекинаа соработката со Академијата и организираа свои изложби, кои патуваа од град во град низ цела Русија. Иљја Рјепин, Михаил Врубељ и некои други сликари сепак сметале дека обуката на академијата е неопходна за развој на основните професионални и технички вештини.
Виша школа на уметности
уредиВо 1893 година, Царската академија на уметностите била поделена на самата Академија на уметностите, која била задолжена за целата уметничка работа во Руската Империја и Вишата уметничка школа на Академијата за уметности, која се занимавала само со академски работи. Иницијатор на реформата биле потпретседателот на Академијата, грофот Иван Иванович Толстој.
Повелба, одобрена на крајот 1893 година, ја поделила поранешната академија на две институции:
- Самата академија, државна институција за одржување, развој и ширење на уметноста во Русија.
- Образовна институција: Виша уметничка школа на Академијата со која раководи „Совет на професори“ со ректор на чело.
И двете институции биле сместени во Санкт Петербург во зградата на Академијата на уметности.
Наместо стари професори, передвижници уметниците беа поканети на наставни места во Вишата уметничка школа. Студиската програма во Вишото училиште значително се промени: основан е институт на професори и се воспоставуваат слободни теми за тестови за натпреварување. На Академијата дојдоа нови професори, меѓу кои се издвојува Иљја Рјепин. Славните уметници ги викале професорите како би ги оддржале работилниците: Владимир Маковски, Иван Шишкин, Архип Куинџи, Алексеј Кившенко. Подоцна дошле: Александар Киселиов, Дмитриј Кардовски, Николај Дубовски, Николај Самокиш, Василиј Мате.
Натпреварувања
уредиГолемиот златен медал, кој се доделувал на странски државјанин, бил доделен на натпревар на кој на најталентираните дипломци на Академијата им било дозволено да ги завршат студиите. Доделувани се и мали златни медали на Академијата „За успех во цртањето“. Дипломираните студенти кои го добиле Големиот златен медал останувале на Академијата за уметности уште една година; им била дадена посебна работилница, материјали за работа и паричен надоместок. Оние кои биле примени на конкурсот, билеа должни да ја завршат програмата, да нацртаат слика според програмата (креативна задача), која претходно била одобрена од Советот на Академијата на уметностите. Задачата, најчесто на историска тема, била направена на таков начин што учесникот ги покажувал сите професионални вештини и знаења што ги совладал за време на студиите.
Советски Сојуз
уредиПо Руската револуција во 1917 година, Царската академија претрпела низа трансформации. Формално била укината во 1918 година, а на нејзиноо место било создадено студиото за бесплатно уметничко образование од Санкт Петербург (Пегоскума); Преименувано е во „Петроград Свомас“ во 1919 година, во „Државното студио за уметност и образование на Петроград на реконструираната академија на уметностите“ 1921, „Вутемас“ 1928, „Институт за пролетерска уметност“ 1930, „Руска академија на уметност“ 1933 и „Академија за уметности на Советски Сојуз“ 1947 година. Откако Академијата била преместена во Москва таа година, зградата во тогашниот Ленинград билае преименувана во „Институт за сликарство, скулптура и архитектура Илија Репин Ленинград“.
Националната академија останала во Москва. Во 1991 година била преименувана во „Руска академија на уметностите“. Колекцијата уметнички дела на старата академија, која ги опфаќала главните дела на Николас Пусин, Жак-Луј Дејвид и Ингрес, билеа пренесени во Ермитаж.
За време на Советскиот Сојуз, академиите биле ослободени од плаќање школарина, затоа што биле финансирани од владата, но приемот биле многу конкурентен. Со само дваесеттина места на располагање и илјадници кандидати, запишувањето било тешко.
Академијата денес
уредиСедиштето на Руската академија на уметностите е во Москва од 1947 година. Нејзин сегашен претседател е Зураб Церетели, а негов потпретседател е Таир Салахов.
Историската зграда на Нева во Санкт Петербург се користи за Институтот за уметност „Рјепин“, целосно име: „Иљја Репин, Санкт Петербург, Државен академски институт за сликарство, скулптура и архитектура "', во чест на еден од неговите познати алумни. Исто така се нарекува Државна академија за ликовни уметности, скулптури и архитектура.[1].
Наводи
уредиЛитература
уреди- Sergei V. Ivanov. Unknown Socialist Realism. The Leningrad School. - Saint Petersburg: NP-Print Edition. Империјална академија на уметностите. Империјална академија на уметностите.
- Кондаков, С. Н. (1915). Юбилейный справочник Императорской Академии художеств. 1764-1914 (руски). 1. стр. __.
- Кондаков, С. Н. (1915). Юбилейный справочник Императорской Академии художеств. 1764-1914 (руски). 2. стр. __.
Надворешни врски
уреди- „Санкт-Петербургская академия художеств | Институт имени И. Е. Репина“. artsacademy.ru.
- The Leningrad School (En)
- Russian Academy of Arts Архивирано на 19 мај 2011 г.
- The St. Petersburg State Academic Institute of Fine Arts
- Sergei V. Ivanov. The Leningrad School of painting. Historical outline
„Империјална академија на уметностите“ на Ризницата ? |