Илчо Јованов
Проф. д-р Илчо Јованов е професор[1] и декан на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Своето високо образование го започнал со факултетските студии на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а го продолжил со магистерски студии на Државната музичка академија „Панчо Владигеров” во Софија, Р. Бугарија. Неговата наставна област е музичка теорија и педагогија. Во 2009 година ги завршил докторските студии од областа на музичка теорија и педагогија на Регионалната академија при Меѓународниот универзитет во Киев, Украина.
Во своето работно искуство работел како раководител на Народниот и забавен оркестар во Дом на ЈНА во Белград, во Музичката продукција на МРТВ, како директор на Фестивалот за народна музика „Цветници”, раководител на Народниот оркестар на „Фолк-фест Валандово”. Од основањето на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, проф. д-р Илчо Јованов е декан[2] на Факултетот за музичка уметност во Штип.
Реализирани проекти
- Бројни вокално-инструментални композиции, аранжман и оркестрации во областа на народната музика за потребите на МРТВ, како и за изведувачите на народната музика.
- Бројни аудио и видео снимки за потребите на музичко-касетната продукција и видеопродукцијата на МРТВ.
- Реализатор на аудиоизданијата (компакт-дискови) за Никола Бадев, Александар Сариевски и др. при Музичко-касетната продукција на МРТВ.
Наводи
уреди- ↑ „Официјално мрежно место на Факултет за музичка уметност - „Наставници"“. Архивирано од изворникот на 2012-12-21. Посетено на 2013-07-09.
- ↑ „Официјално мрежно место на Факултет за музичка уметност - „За факултетот"“. Архивирано од изворникот на 2012-12-21. Посетено на 2013-07-09.