Илија Шапкарев
Илија Шапкарев (26 јули 1931 во Велгошти — 6 јуни 2013 во Скопје) — македонски универзитетски професор и математичар.[1]
Илија Шапкарев | ||
Роден | 26 јули 1931 Велгошти, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 6 јуни 2013 Скопје, Македонија | (возр. 81)|
Националност | Македонец | |
Занимање | математичар, универзитетски професор |
Животопис
уредиДипломирал во 1954 година на Филозофскиот факултет, а во 1964 година докторирал на Природно-математичкиот факултет со темата „Инваријантни диференцијални равенки во однос на смена на функцијата“.
Од 1959 година станал асистент на Техничкиот факултет. Во учебната 1965/66 година бил на специјализација во Математичкиот институт во Гетинген, Германија. Од 1975 година е професор на Електротехничкиот факултет во Скопје.
Научниот интерес му е областа на диференцијалните равенки. Автор е на 60-тина научни трудови и на учебници за високо и средно образование, учествувал на голем број конгреси и симпозиуми.
Бил ментор на докторски и магистерски трудови и мошне активен на стручно и општествено поле.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шакири“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1644. Text "series " ignored (help)