Илинска Планина

планина во Македонија
(Пренасочено од Илинска планина)

Илинска Планина или Пространска Планина — средновисока планина во западна Македонија со динарски правец на протегање од северозапад кон југоисток.[1]. Највисоки врвови се Лиска (1.909 м) и Старец (1.577 м). Се наоѓа помеѓу котлината Дебрца на запад, долината на реката Треска на север, Демир Хисар и долината на Беличка Река на исток. На југоисток продолжува во Плакенска Планина. На Илинска Планина се развиени изворишните челенки на Мраморечка и Беличка Река. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски кристалести шкрилци преку кои лежат тријаски варовнички конгломерати и гранитит преку кои лежат карбонатни карпи. Планинските страни се под шума, а високите делови под планински пасишта.[2]. Изобилува со букова шума во високите и средните делови, како и дабова во пониските делови. Богатите шуми се користат за сеча на дрво за огрев, градежништво, мебел и производство на ќумур (во с. Вирово).

Илинска Планина
Пространска Планина
Поглед на Илинска Планина со врвот Лиска
Највисока точка
Надм. вис.1909 м
Матичен врвЛиска
Друго имеПространска Планина
Географија
Илинска Планина на карта

Карта

МестоМакедонија Македонија
ПокраинаMK

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Milošević, Miodrag (1967). Geografija Jugoslavije (3. изд.). "Naučna knjiga".
  2. Павловски, Јован (2006). Ми-Анова енциклопедија: М-П. Книгоиздателство МИ-АН. ISBN 9989-613-91-5, ISBN 9789989613913 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).

41°22′38″N 20°55′6″E / 41.37722° СГШ; 20.91833° ИГД / 41.37722; 20.91833