Отвори го главното мени

Ерик Лин Рајт (7 септември 1964 - 26 март 1995) познат под неговиот прекар Изи-И (Eazy-E), беше американски рапер и продуцер од Комптон, Калифорнија.[1] Тој се смета дека го пронашол поджанрот на рапот, gangsta rap (гангстерски рап). Изи стана познат со групата N.W.A, а подоцна и како соло-артист.

Eazy-E
Биографски податоци
Родено имеЕрик Лин Рајт
Роден(а)септември 7, 1964(1964-09-07)
ПотеклоКомптон, Калифорнија
Починал(а)март 26, 1995(1995-03-26) (воз. 30 г.)
ЖанровиGangsta rap, West Coast hip hop, G-funk
ЗанимањаРапер, продуцер
Период на активност1985–1995
ИздавачиRuthless, Priority, Relativity, Epic, MCA
СоработнициN.W.A, Above The Law, B.G. Knocc Out, Dresta, Kokane, Bone Thugs-n-Harmony
Мреж. местоEazy-E.com

Изи-И е познат по неговиот низок глас како на момче и неговите текстови фокусирани на уличниот живот и бандите, вклучувајки оружје, дрога, секс и омраза кон полицијата. Изи бил домаќин на радио емисија на радиото ККБТ, во Лос Анџелес.

БиографијаУреди

Рани годиниУреди

Ерик Рајт е син на Ричард и Кејти и се родил на 7 септември 1964 година, во Комптон, Калифорнија, предградие на Лос Анџелес. Татко му работел како поштар, а мајка му како директорка во училиште. Ерик бил избркан од средно училиште бидејки продавал дрога. Тој бил член на бандата „Крипс“ кај Кели Парк кога бил тинејџер, а подоцна ширум градот.

Ruthless Records, N.W.A и Eazy-Duz-It (1987-1991)Уреди

Во 1987 г., искористувајки ги парите кои ги собрал од продавање дрога, Изи заедно со Џери Хелер ја основале издавачката куќа „Рутлес Рекордс“ (Ruthless Records). Кога ќе се придружат Др. Дре и Ајс Кјуб на Рутлес, Изи заедно со нив ја формира групата N.W.A. Подоцна дошле Ди-Џеј Јела и Арабски Принц. Во овј период, Рутлес го издава албумот N.W.A and the Posse во 1987, а подоцна најуспешниот албум Straight Outta Compton во 1988. Еден месец подоцна, Изи го издава својот прв соло албум „Eazy-Duz-It“. Албумот се продал во 2 милиони копии, кој ја добил титулата „double platinum album“. Во овој албум биле сингловите We Want Eazy и Eazy-Er Said Than Dunn. Приота му помагале и останатите членови на N.W.A, пример текстовите му ги пишувал Ајс Кјуб.

Крај на N.W.A. и конфликт со Др. Дре (1991-1994)Уреди

Недоразбирања околу парите предивикале да N.W.A се распадне во 1991 година. Другите членови мислеле дека Изи и и Џери Хелер крадат пари од групата. Ајс Кјуб прв ја напуштил групата како последица од тоа, и ја напишал песната No Vaseline, во која ги навредува N.W.A. Подоцна, поради истата причина, Др. Дре ја напуштил групата и ќе ја основа издавачката куќа Death Row Records. Одтогаш Изи-И и Др. Дре почнале да пишуваат песни во кои се навредуваат еден кон друг. Најпознати такви се Real Mothafucking G's на Изи-И и Fuck Wit Dre Day на Др. Дре.

Болест и смрт (1995)Уреди

На 16 март 1995, Изи отишол во болницата „Седарс Синаи Медикал Центар“ во Лос Анџелес. Тој мислел дек аима астма, а всушност бил болен од ХИВ вирус. Тој наскоро им кажал на обожавателите дека е болен. На 26 март 1995, во околу 6:35 часот по Пацифичко време, Изи починал. Тој имал 31 година. Истата недела пред да умре, тој се смирил со Др. Дре и Ајс Кјуб и за последен пат се упатил кон своите обожаватели.[2]

ДискографијаУреди

  • 1988: Eazy-Duz-It
  • 1992: 5150: Home 4 tha Sick
  • 1993: It's On (Dr. Dre) 187um Killa
  • 1995: Str8 off tha Streetz of Muthaphukkin Compton (постхумно)
  • 2002: Impact of a Legend (постхумно)

НаводиУреди

  1. Miller, Michael (2008). The Complete Idiot's Guide to Music History. Alpha. стр. 219. ISBN 1-59257-751-2. 
  2. Gale, Alex. „Eazy-E Associate Claims He Was Murdered | News“. BET. конс. 2013-02-04. 

Надворешни врскиУреди