N.W.A
N.W.A (англиски: Niggaz Wit Attitudes, во превод: Црнци Со Став) беше хип-хоп група од Комптон (Калифорнија).[1] Активни од 1986 до 1991, N.W.A биле добро познати по вулгарноста во нивните стихови. Тие биле отфрлени од многу радио станици во САД па дури им било и забрането да организираат турнеи и концерти. Сепак, групата продаде над 10 милиони албуми само во САД. Нивниот втор албум, наречен Straight Outta Compton, го обележа почетокот на новата гангстерска хип-хоп ера во која се изразува уличната револуција. Списанието Rolling Stone ги смести N.W.A нз 83-то место во нивниот список „100-те најдобри изведувачи на сите времиња“.[2] Откако се распадна групата, членовите Д-р Дре, Ајс Кјуб, Изи-И и МС Рен продолжуваат со нивната музичка кариера.
N.W.A | |
---|---|
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Niggaz Wit Attitudes |
Потекло | Комптон (Калифорнија), САД |
Жанрови | Гангстерски рап |
Период на активност | 1986–1991 (деловно обединување: 1999) |
Издавачи | Ruthless Records, Priority Records |
Соработници | Fila Fresh Crew, The D.O.C., World Class Wreckin' Cru, C.I.A., Snoop Dogg |
Мреж. место | www.nwalegacy.com |
Поранешни членови | |
Изи-И (1986-1991) Д-р Дре (1986-1991) Ајс Кјуб (1986-1989) МС Рен (1988-1991) Ди-Џеј Јела (1986-1991) Арабски Принц (1986-1988) |
Почеток
уредиПоранешниот дилер на дрога од Комптон Изи-И започна со „Рутлес Рекордс“ заедно со Џери Хелер. „Рутлес“ го издаде албумот „N.W.A. and the Posse“ во 1987 со „Макола Рекордс“. N.W.A беше сѐ уште во формирање и имаше снимено само четири од единаесет песни, кога привлече внимание на повеќе артисти. Тоа ги спои артистите Ајс Кјуб, Д-р Дре и Изи-И. Подоцна и МЦ Рен и се придружи на групата.[3]
Дискографија
уреди- Студиски албуми
- N.W.A. and the Posse (1987)
- Straight Outta Compton (1988)
- 100 Miles and Runnin' (1990)
- Niggaz4life (1991)
- Компилации
- Greatest Hits (најголеми хитови) (1996)
- Straight Outta Compton: Во чест на 10 години од создавањето на N.W.A (1998)
- The N.W.A Legacy, Vol. 1: 1988-1998 (1999)
- The N.W.A Legacy, Vol. 2 (2002)
- The Best of N.W.A: The Strength of Street Knowledge (2006)
- Straight Outta Compton (20-та годишнина) (2007)
- Family Tree (2008)
Наводи
уреди- ↑ Potter, Russel A. (1995). Spectacular Vernaculars: Hip-Hop and the Politics of Postmodernism. New York City: State University of New York Press. стр. 50. ISBN 0-7914-2626-2.
- ↑ „100 Greatest Artists of All Time“ Архивирано на 10 август 2007 г., Rolling Stone.
- ↑ „Ice Cube produces N.W.A biopic“. Filmstarts.de. Посетено на 2010-10-14.