Изабела д’Есте
Изабела д’Есте (18 мај 1474 - 13 февруари 1539) била маркиза на Мантова и една од водечките жени на италијанската ренесанса како истакната културна и политичка фигура. Таа била патрон на уметноста, како и водач на модата, чиј иновативен стил на облекување бил копиран од страна на жените низ Италија и во францускиот суд. Поетот Ариосто ја нарекол "либерална и великодушна Изабела",[1] а авторот Матео Бандело ја опишал како "врховна помеѓу жените".[2] Дипломатот Николо де Кореџио отиде уште подалеку поздравувајќи ја како "Првата Дама на светот".[2]
Изабела д’Есте | |
---|---|
Маркиза на Мантова | |
Изабела д’Есте | |
Роден(а) | 18 мај 1474 Ферара, Италија |
Починал(а) | 13 февруари 1539 Мантова, Италија | (возр. 64)
Таа служела како регент на Мантова. Во 1500 таа се сретна со кралот Луј XII на Франција во Милано на дипломатска мисија да го убеди да не испраќа војници против Мантова.
Кога таа не ги водела државните работи, претпочиталa да го помине своето слободно време занимавајќи се со културни настани. Таа читала книги, пишувала писма, и свирела на лејта. Таа била важна покровителка на музиката, и имала клучна улога во развојот на фротолата.
Таа исто така собирала уметнички дела и спонзорирала филозофи, поети и сликари, како Тицијан, Рафаел, Џовани Белини и Леонардо да Винчи.
Одржувала доживотна кореспонденција со Елизабета Гонзага.
Регентсво
уредиИзабела одиграла важна улога во Мантова за време на тешкотиите во градот. Кога нејзиниот сопруг бил уапсен во 1509 година и држан во заложништво во Венеција, таа ја презеде контролата врз воените сили на Мантова и ја одбрани од напаѓачите сè до нејзиното ослободување во 1512. Во истата година, таа била водителка на Конгресот на Мантова, кој се одржал за да се решат прашањата кои се однесувале на Фиренца и Милано.[3] Како владетел, таа била многу поагресивна и поспособна од својот сопруг. Кога бил известен за овој факт, по неговото враќање, Франческо бил бесен и понижен од тоа што неговата сопруга имала супериорна политичка способност. Ова предизвикало нивниот брак да се прекине неповратно. Како резултат на тоа, Изабела почнала да патува слободно и да живее независно од нејзиниот сопруг до неговата смрт на 19 март, 1519.
По смртта на нејзиниот сопруг, Изабела влаадеела со Мантова како регент. Таа започнала да игра поголема улога во италијанската политика, постојано унапредувајќи ја позицијата на Мантова. Таа ја промовирала Мантова во Војводство, титула која била добиена со мудро користење на дипломатските договори за бракот на нејзиниот син. Таа и понатаму покажала луцидни политички вештини во нејзините преговори со Чезаре Борџија, кој го погубил Гвидобалдо да Монтефелтро, Војводата од Урбино, сопругот на нејзината золва и добра пријателка Елизабета Гонзага во 1502 година.
Наводи
уреди- ↑ Marek, George R. (1976). The Bed and the Throne: The Life of Isabella d'Este. New York: Harper and Row Publishers.p.ix ISBN 978-0-06-012810-4
- ↑ 2,0 2,1 Marek, p.ix
- ↑ Marek, p.250
Надворешни врски
уредиGeorge, L., The Public Perception of Isabella d'Este Архивирано на 20 август 2017 г., Clio History Journal, 2009.
- I camerini di Isabella d'Este Mantua tourist guide.
„Изабела д’Есте“ на Ризницата ? |
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |