Ига Свјонтек
Ига Наталиа Швјонтек[1] родена на 31 мај 2001 година; е полска професионална тенисерка. Таа е моментално рангирана како светски број 2 во женски сингл од Женската тениска асоцијација (ВТА). Свјонтек е четирикратен шампион на Гренд слем во сингл, откако го освоила Отвореното првенство на Франција во 2020, 2022 и 2023 година и Отвореното првенство на САД во 2022 година. Таа е првата тенисерка која ја претставува Полска а освоила голема титула во сингл. Има освоено вкупно 15 титули на ниво на ВТА турнејата.
Како јуниорка, Свјонтек била шампион во двојки на Отвореното првенство на Франција во 2018 година заедно со Кејти Мекнали и шампионка на јуниорскиот Вимблдон во 2018 година. Свјонтек почнала да игра редовно на ВТА турнејата во 2019 година и влегла во топ 50 на 18 години по нејзиното прво финале на турнејата и нејзиниот успех на Отвореното првенство на Франција во 2019 година, каде што стигнала до осминофинале.
За време на нејзиниот настап на Отвореното првенство на Франција во 2020 година, во кое што завршила како шампион, Свјонтек не загубила повеќе од пет натпревари во ниту еден сингл натпревар. Влегла во топ десет на ВТА ранг-листата за прв пат во мај 2021 година по победата на Отвореното првенство во Италија. По титулите на ВТА 1000 во 2022 година во Катар и Индијан Велс, Свјонтек стигнала до највисокото рангирање во својата кариерата, бр. 2. По пензионирањето на светската бр. 1 тенисерка, Ешли Барти, таа станала првата полска тенисерка која го достигнала првото место во сингл, на 4 април 2022 година. Таа, исто така, освоила уште една титула на ВТА 1000 во Мајами, со која што станала четврта жена што го освоила Саншајн дабл. За тоа време, Свјонтек акумулирала победничка серија од 37 натпревари, најдолга на ВТА турнејата во 21 век.
Свјонтек има стил на игра на сите терени. Има освоено награда за омилен сингл играч на годината од фановите на ВТА во 2020 година. Во 2023 година, била прогласена за шампион на шампиони во L'Équipe и полска спортска личност на годината а исто така била вклучена на годишната листа на 100 највлијателни луѓе во светот во Тајм.
Ран живот
уредиИга Свјонтек била родена на 31 мај 2001 година во Варшава, и нејзините родители се Дорота и Томаш Свјонтек.[1] Нејзиниот татко е поранешен веслач кој се натпреварувал на Олимпијадата во Сеул во 1988 година.[2] Нејзината мајка е ортодонт. Има сестра Агата, која е околу три години постара и е стоматолог.[3][4]
Резултат | година | Турнир | Површина | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
Шампион | 2020 година | Француски опен | Глина | Софија Кенин | 6-4, 6-1 |
Шампион | 2022 година | Француски опен (2) | Глина | Коко Гауф | 6-1, 6-3 |
Шампион | 2022 година | УС Опен | Тврдо | Онс Џабер | 6–2, 7–6 (7–5) |
Шампион | 2023 година | Француски опен (3) | Глина | Каролина Мухова | 6–2, 5–7, 6–4 |
Надворешни врски
уреди- Ига Свјонтек на ВТА
- Iga Świątek at the International Tennis Federation
- Ига Свјонтек на официјалното мрежно место на Фед купот
- Iga Świątek at the Tennis Board
- The Players Tribune. 12 January 2023. Personal Essay – The Story of a Polish Introvert by Iga Swiatek.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Iga Swiatek“. WTA Tennis. Архивирано од изворникот на 5 July 2019. Посетено на 14 October 2020.
- ↑ Imhoff, Dan (26 January 2020). „Swiatek follows father's footsteps 38 years later“. Australian Open. Архивирано од изворникот на 10 October 2020. Посетено на 5 October 2020.
- ↑ „Instagram“. Архивирано од изворникот на 10 November 2022. Посетено на 10 November 2022.
- ↑ „Iga Świątek Matka Ojciec: Kim są rodzice Igi Świątek? Ojciec i matka Igi Świątek“ [Iga Świątek Mother Father: Who are Iga Świątek's parents? Father and mother of Iga Świątek]. Super Express (полски). 10 October 2020. Архивирано од изворникот на 13 October 2020. Посетено на 11 October 2020.