Иво Лауренчиќ
Иво Лауренчиќ (хрватски: Ivo Laurenčić; Шибеник, Хрватска - Скопје, 13 мај 2013) — виден македонски експерт за политички маркетинг и претседател и креативен директор на маркетиншката агенција „Идеја плус“.
Иво Лауренчиќ | ||
Роден | Шибеник, СФРЈ, денес Хрватска | |
---|---|---|
Починал | 13 мај 2013 Скопје, Македонија | |
Занимање | експерт за политички маркетинг и филмски уметник |
Животопис
уредиЛауренчиќ е роден во Шибеник, Хрватска како син на познатиот југословенски глумец Јозо Лауренчиќ.[1] Тој завршил Филмска академија во Белград, бил директор на Втората програма на РТВ Белград, работел на многу проекти, градејќи кариера како слободен филмски уметник. Снимал документарци, бил помошник-режисер на „Венецот на Петрија“, „Мајстори, мајстори“, „Сивиот дом“, „Грлом у Јагоде“. Со негов потпис бил и видео изразот за последната песна на Евровизија во поранешна Југославија, која во 1990 се одржала во Загреб. Паралелно се усовршувал за маркетинг, комерцијален и политички. Во Македонија дошол во раните 90ти години на XX век на покана на тогашниот директор на Пивара Скопје Светозар Јаневски. Тука ја развил маркетинг-агенцијата „Идеја плус“, по урнекот на „Идеја плус“ од Белград која веќе успешно работела во Србија. Набргу агенцијата станала школа за маркетинг во Македонија.
Лауренчиќ го осмслил и реализирал серијалот од 1.060 емисии „Говорете македонски“ за Македонската телевизија. Бил и творец и реализатор на кампањата за промоција и зачувување на македонското кирилично писмо „Додека пишувам на кирилица постојам“ која добила прва награда на фестивалот ФЕСТО во Хрватска. Негова сопруга е Ангелка Пеева - Лауренчиќ[2], експерт за односи со јавност, основач и извршен директор на првата агенција за односи со јавностa, Имиџ ПР и поранешен пратеник во Собранието на Македонија. Починал по долго и тешко боледување во Скопје на 13 мај 2013 година.[3]
Наводи
уреди- ↑ Јурак, Драган. „IVO LAURENČIĆ - LEGENDA MAKEDONSKOG MARKETINGA“. Глобус (хрватски). Загреб: Јутарни Лист.
- ↑ Димитров, Петре (7 декември 2011). „НА РУЧЕК СО... АНГЕЛКА ПЕЕВА ЛАУРЕНЧИЌ- ОСНОВАЧ И ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ИМИЏ ПР“. Капитал. Скопје: Kapital Media Group. Архивирано од изворникот на 2012-03-09. Посетено на 2013-05-14.
- ↑ „Почина Иво Лауренчиќ - експерт за политички маркетинг“. 24 Вести. 13 мај 2013. Посетено на 2013-05-14. Text " 21:26" ignored (help)
Надворешни врски
уреди- ЛЕГЕНДАТА НА МАКЕДОНСКИОТ МАРКЕТИНГ Архивирано на 4 март 2016 г.