Иван Хуљиќ (роден на 17 јануари 1988 година) е хрватски композитор и текстописец. Како текстописец првпат се појавува во 2006 година со песната „Zadnja epizoda“ (македонски: Последна епизода) за популарната хрватска група Магазин . Оттогаш пишува песни за хрватските поп пејачи, меѓу кои Дорис Драговиќ, Доменика, Дамир Кеџо, Јошко Чагаљ Џоле и Лорена. Покрај текстовите, Иван Хуљиќ има работено и како композитор и продуцент на неколку песни. Хуљиќ има добиено бројни награди за својата музичка и текстописна работа, вклучувајќи ја и таа за најдобрата песна на Сплитскиот фестивал за „Mi protiv nas“ („Ние против нас“). Покрај неговата текстописна работа, Хуљиќ служел и како клавијатурист за бендот Магазин. Во 2022 година, тој служи за креативен директор на Fusion World Music Festival што се одржува за прв пат во Сплит. Во 2024 година, ја пишува и ја продуцира песната „Od čega sam ja“ („Од што сум јас“) од Јелена Розга.

Рани години

уреди

Иван Хуљиќ е роден на 17 јануари 1988 година во Сплит, Хрватска, од татко Тончи Хуљиќ, музичар, продуцент и композитор и Вјекослава Хуљиќ, поетеса, текстописец и писател. Тој има постара сестра, поп-пејачка и изведувачка Хана Хуљиќ. [1] Хуљиќ за прв пат почнал да свири на клавијатура, кога имал 9 години. Средно образование завршил во приватната гимназија Kraljica Jelena (Кралица Елена) каде ги завршил сите испити поврзани со музичкото училиште. [1] Веќе во средно училиште, Хуљиќ бил убеден да служи како клавијатурист со бендот Магазин од неговиот татко, иако првично не сакал да преземе таква улога.[1] Хуљиќ завршил правни студии на Универзитетот во Сплит.[2]

Креативен процес

уреди

Во 2022 година, Иван Хуљиќ за време на едно интервју изјавува дека смета дека е важно да работи на неколку фронта во процесот на создавање музика истовремено, вклучително и креативна, текстописна и музичка насока, за да ја „разбие монотонијата“. Тој открива дека најголемата музичка инспирација за него доаѓа кога настапува на гитара или пијано. Работел и на либрета и текстови за мјузикли заедно со неговата мајка, Вјекослава Хуљиќ, кои не успеале да се остварат поради ограничувањата и доцнењата предизвикани од пандемијата на COVID-19 . [3] Во 2022 година, Хуљиќ изјави дека претпочита да се воздржува од давање интервјуа и го прави тоа само неколку пати долгорочно. [3]

Приватен живот

уреди

Хуљиќ е пријател со хрватскиот кантавтор Матија Цвек со кого често ги слават родендените заедно. [4]

Кариера

уреди

2006–2010: клавијатурист и текстописец за Магазин

уреди

Првпат свиреше на клавијатури за песната „Piši mi“ во 2008 година кога му се придружи на бендот во ресторанот Коколо. Оттогаш има свирено во групата неколку години. [1] Хуљиќ првпат се појавува како текстописец во 2006 година кога ја напиша песната „Zadnja epizoda“ („Последна епизода“) за популарната хрватска група Магазин. [1] Тој продолжи да ги пишува стиховите и музиката на неколку песни на бендот додека Ивана Ковач служи како главна пејачка. Покрај тоа, од 2008 година, тој е и клавијатурист на бендот. [1] Во 2011 година, Хуљиќ е заслужен како еден од клавијатуристите за албумот Bižuterija од Јелена Розга. [5]

2015–сега: Текстописно деби, компонирање и креативен директор

уреди

Во 2015 година, Хуљиќ заедно со Вјекослава служи како продуцент и текстописец на неколку песни на албумот на Дорис Драговиќ Ja vjerujem, меѓу кои „Ni riči“ („Ни збор“), „Svit ne mora znat“ („Светот не мора да знае“), „Zvir“ („Ѕвер“) . [6] Во 2018 година, Хуљиќ ја добива наградата за најдобра песна на Сплитскиот фестивал за песната „Mi protiv nas“ („Ние против нас“) за која служи како главен текстописец, а ја изведуваат Доменика и Дамир Кеџо. [7] Во 2021 година, Хуљиќ ја пишува музиката на „Sna'ću se ja“ од Дорис Драговиќ. [8]

Во летото 2022 година, Хуљиќ служи како креативен директор на фестивалот World Music Fusion во Сплит, кој го одбележува неговиот прв музички проект од таков обем. Тој го измислува концептот на фестивалот во кој настапуваат меѓународни, но и хрватски уметници. Тој коментира дека со фестивалот сака да се бори против економската криза во 2022 година во Европа. [9] По успехот на шоуто, Хуљиќ, исто така, ги објавува своите планови да работи на 3-дневен фестивал следната година. [10]

Во летото 2022 година, тој ги пишува музиката и текстот за песната „Shakespeare“ („Шекспир“) од Јошко Чагаљ Џоле, објавена на 7 јуни 2022 година. Тој, исто така, ја пишува музиката и соработува на текстот со Вјекослава на песната „Sve smo mogli imat“ („Сѐ можевме да имаме“) од Дорис Драговиќ објавена на 23 јуни 2022 година. [11] [3] Во март 2023 година, Хуљиќ ја напиша песната „Igračka“, која ја снима Антонија Дора и ја претставува на Загребскиот фестивал. За песната, Хуљиќ, кој најпрво ја напиша музиката, а потоа и текстот, црпи инспирација за солото од песната на Тина Тарнер „What's Love Got to Do with It “ („Каква врска има љубовта со тоа“) (1984). [12] Во ноември, истата година ја пишува музиката за песната „Ženska snaga“ („Женска снага“) за пејачката Лорена, а соучествува и во аранжманот заедно со Хрвоје Домазет.[13]

Во 2024 година, две песни напишани и аранжирани од страна на Хуљиќ го гледаат светлото на денот. Песната „Od čega sam ja“ напишана за Розга излегува на 21 март 2024 година. Хуљиќ работел самостојно на музиката и текстот а во соработка со Лео Шкаро и Дарко Димитров на аранжманот.[14] На 11 април 2024, Марино Јакобиќ ја издава песната „Lučija“ („Лучија“) чијшто текст и музика се напишани самостојно од Иван Хуљиќ, а аранжманот е исто од него во соработка со Хрвоје Домазет.[15][16]

Дискографија

уреди

Целосната текстописна и композиторска дискографија е преземена од профилот на Иван Хуљиќ на Хрватското здружение за колекција на авторски права за музичкиот сектор. [17]

  • „Zadnja epizoda" („Последна епизода“) (2007)
  • „Ni riči" („Ни збор“) (2008)
  • „O meni će pričat potiho" („За мене ќе зборуваат тивко“) (2008)
  • „Svit ne more znat" („Светот не мора да знае“) (2008)
  • „Zvir" („Ѕвер“) (2008)
  • „Ako dođem pameti" („Ако ми дојде паметот“) (2011)
  • „Akužaj" („Акужај“) (2011)
  • „Ankoran" („Анкоран“) (2011)
  • „Imberlan (instrumental)" („Имберлан (инструментал“) (2011)
  • „Juda" („Јуда“)(2011)
  • „Love song" („Љубовна песна“)(2011)
  • „Parti vrime (instrumental)" („Парти вриме (инструментал)“)(2011)
  • „Samo jubav ostaje" („Само љубовта останува“) (2011)
  • „Tramuntana" („Трамунтана“)(2011)
  • „A tebe nima" („А тебе те нема“) (2012)
  • „Bolje odat nego stat" („Подобро да се оди отколку да се допре“) (2012)
  • „Kekereke (Čućaj mala)" („Кекереке (Чуќај мала)“)(2012)
  • „Ja san rojen da mi bude lipo" („Јас сум роден да ми биде убаво“) (2012)
  • „Lara ekstaza" („Лара екстаза“) (2012)
  • „Lara exotic" („Лара егзотик“) (2012)
  • „Lara odlazak" („Лара за аминување“) (2012)
  • „Lara oluja" („Лара олуја“) (2012)
  • „Lara orient" („Лара ориент“) (2012)
  • „Providenca (najava)" („Провиденца (најава)“) (2012)
  • „Ajvar" („Ајвар“) (2013)
  • „Day light" („Светло на денот“) (2013)
  • „Dešina tema" („Дешината тема“) (2013)
  • „Gasi se ljubav (glas)" („Се гаси љубовта (глас)“) (2013)
  • „Judita (glas)" („Јудита (глас)“) (2013)
  • „Konavle (glas)" („Конвале (глас)“) (2013)
  • „Maro" („Маро“) (2013)
  • „Nad Srđem (glas)" („Над... “) (2013)
  • „Osjećaj ljubavi (glas)" („Чувство на љубов (глас)“)(2013)
  • „Stradun (glas)" („Страдун (глас)“) (2013)
  • „Tužna ljubavna (glas)" („Тажна љубовна“ (глас))(2013)
  • „Uvertira (glas)" („Увертира (глас)“) (2013)
  • „Zora dubrovačka (glas)" („Дубровачка зора“) (2013)

  • „Suton (klavir)" („Сутон (клавир)“) (2014)
  • „Doza rizika (ljubakanje)" („Доза на ризик (љубење)“)(2015)
  • „Jubavi rič" („Збор на љубов“) (2015)
  • „Čemu nervoza" („Зошто нервоза“) (2016)
  • „Majina tema" („Темата на Маја“) (2016)
  • „Natašina tema" („Темата на Наташа“) (2016)
  • „Ne znan za se" („Не знам за себе“) (2016)
  • „Nikolina tema" („Темата на Николина“) (2016)
  • „Nisam papak – sjetna" („Не сум папал - сетен“) (2016)
  • „Ružina tema" („Темата на Ружа“) (2016)
  • „Tema Prava žena" („Темата на вистинска жена“) (2016)
  • „Kad sam s tobom" („Кога сум со тебе“) (2017)
  • „Mi protiv nas" („Ние против нас“) (2017)
  • „Bilo naroda" („Било на народи“) (2018)
  • „Brod za nabolje" („Брод за подобро“) (2018)
  • „Kao prekjučer" („Како завчера“) (2018)
  • „Pišem na tebe" („Пишувам на тебе“) (2018)
  • „Tihi ocean" („Тихи океан“) (2018)
  • „Tower of Babylon" („Кула на Бабилон“) (2018)
  • „Drowning" („Давење“) (2019)
  • „Ljubi majku zemlju" („Сакај ја мајката земја“) (2020)
  • „Medenjak" („Меденик“) (2020)
  • „Shakespeare" („Шекспир“) (2020)
  • „Sna'ću se ja" („Ќе се снајдам јас“) (2020)
  • „Sve smo mogli imat" („Сѐ можевме да имаме“) (2020)
  • „Boje" („Бои“) (2021)
  • „Gospođica" („Госпоѓица“) (2021)
  • „Foot in mouth" („Стапало во уста“) (2022)
  • „Izbor je tvoj" („Изборот е твој“) (2022)
  • „Che Guevara i manistra u suvo" („Че Гевара и манистра во суво“)
  • „Judi od cakla" („Луѓе од стакло“)
  • „Kakvi san ja kralj – podloga"(„Каков крал сум јас“)
  • „Lara sanjarenje" („Лара сонување“)
  • „Lara sjetna" („Лара сјетна“)
  • „Mana" („Мана“)
  • „Najava zla" („Најава на злото“)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Morić, Danijela-Ana (16 август 2018). „Krv nije voda: Ova djeca slavnih roditelja i sama su na putu slave“ [Крвта не е вода: Овие деца на славни родители и сами се на патот кон славата] (хрватски). T-portal. Посетено на 23 април 2024.
  2. (in hr) Kod nas doma: Ivana Kovač. Hrvatska Radiotelevizija. 1 октомври 2021. https://www.youtube.com/watch?v=NZToA7AXYrs&t=1703s&ab_channel=Hrvatskaradiotelevizija. Retrieved 23 април 2024. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Kruhak, Maja (19 August 2022). „Ivan Huljić: 'U Splitu nitko nije zvijezda. Ili si čovjek, ili nisi i tako treba biti' [Иван Хуљиќ: 'Во Сплит никој не е ѕвезда. Или си човек, или не си и така треба да биде']. Jutarnji list. Посетено на 25 November 2022.
  4. 5.com s Danielom: Matija Cvek i Mario Mihaljević. Hrvatska radiotelevizija. 3 март 2023. https://www.youtube.com/watch?v=C3a4_CHUFw4&ab_channel=Hrvatskaradiotelevizija. 
  5. „Jelena Rozga – Bižuterija (2011, CD)“. Discogs. Посетено на 1 December 2022.
  6. Мориќ, Данијела-Ана (12 јуни 2015). 'Kad je poezija u pitanju, Vjekoslava Huljić me zna najbolje!' ['Кога поезијата е во прашање, Вјекослава Хуљиќ ме знае најдобро!'] (хрватски). T-portal. Посетено на 23 април 2024.
  7. „Slavi se u obitelji Huljić: Veliko priznanje za sina Ivana“ [Се слави во семејството Хуљиќ: Големо признание за синот Иван] (хрватски). Gloria. 1 август 2018. Посетено на 23 април 2024.
  8. „Doris Dragović pjesmom "Sna'ću se ja" osvaja srca publike“ [Дорис Драговиќ со песната "Sna'ću se ja" ги освојува срцата на публиката] (хрватски). Croatian Music Channel. Посетено на 23 април 2024.
  9. Ivan Huljić: Glazbom želim pridonijeti izlasku iz ekonomske krize. 15 јуни 2022. https://www.youtube.com/watch?v=r4f6au2OuQw&ab_channel=Ve%C4%8Dernjilist. Retrieved 23 април 2024. Ivan Huljić: Glazbom želim pridonijeti izlasku iz ekonomske krize [Ivan Huljić: I Want to Contribute with Music to the Exit of the Economic Crisis]. Večernji list. 15 June 2022. Retrieved 25 November 2022 – via YouTube.
  10. Мила, Самир; Вука, Петра (24 јули 2022). „Ivan Huljić: 'Najviše mi znači pozitivna reakcija publike, ona je gurala sve izvođače' [Иван Хуљиќ: 'Најмногу ми значи позитивната реакција на публиката, таа ги туркаше сите изведувачи']. Večernji list (хрватски). Посетено на 23 април 2024.
  11. „Jole ima novi ljetni hit, a jedna od najljepših Hrvatica zvijezda je spota“ [Јоле има нов летен хит, а една од најубавите Хрватки е ѕвезда на спотот] (хрватски). Gloria. 8 јуни 2022. Посетено на 23 април 2024.
  12. „Antonia Dora i Ivan Huljić o pjesmi "Igračka" [Антониа Дора и Иван Хуљиќ за песната „Igračka“] (хрватски). Glazba.hr. 14 март 2023. Посетено на 23 април 2024.
  13. https://www.youtube.com/watch?v=s81qAPWs2gk&pp=ygUUxb5lbnNrYSBzbmFnYSBsb3JlbmE%3D
  14. „Jelena Rozga i Ivan Huljić ruku podruku! Stigla pesma "Od čega sam ja" - i hrabra i ranjiva“ [Јелена Розга и Иван Хуљиќ рака под рака! Стигна песната "Od čega sam ja" - и храбра и ранлива]. 24sedam (српски). 22 март 2024. Посетено на 23 април 2024.
  15. Г., Л. (11 април 2024). „Marino Jakobić ima pjesmu koja miriše na hit: Prvijenac mu potpisuje Ivan Huljić“ [Марино Јакобиќ има песна која мириса на хит: Првенецот му го потпишува Иван Хуљиќ]. Jutarnji list. Посетено на 23 април 2024.
  16. Marino - Lučija (official video 2024). Marino преку Јутјуб. 11 април 2024. https://www.youtube.com/watch?v=fZZfdGR3uew&pp=ygUHTHXEjWlqYQ%3D%3D. 
  17. „Baza autora: HDS ZAMP – Glas autora“ (хрватски). Zamp.hr. Посетено на 23 април 2024.