"Od čega sam ja" (македонски: Од што сум јас) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга. Песната е напишана и продуцирана од Иван Хуљиќ додека аранжманот бил финализиран заедно со Лео Шкаров и Дарко Димитров. Песната ја имала својата премиера заедно со музичко видео во режија на Милош Шаровиќ на 22 март 2024 кога била издадена како сингл. "Od čega sam ja" е балада во којашто се пее за силината на женскиот протагонисг, нешто од што и самата таа е изненадена.

„Od Čega Sam Ja“
сингл од Јелена Розга
Пуштена22 март 2024 (2024-03-22)
Снимена2024
Жанр
Должина3:14
МаркаКроација Рекордс
Песнописец
Продуцент(и)
  • Хуљиќ
Јелена Розга ― синглова хронологија
"Idi ti"
(2023)
"Od Čega Sam Ja"
(2024)
Музичко видео
"Od čega sam ja" (официјално музичко видео 2024) HD) на YouTube

Заднина

уреди

На 22 март 2024, Розга го издава синглот "Od čega sam ja", напишан и во продукција од Иван Хуљиќ додека аранжманот вил завршен од него и Лео Шкаро и Дарко Димитров. Во својот текст, песната ги опева силните страни на повреденс жена која самата се чуди на тоа дека може да ги пречекори пречките кои што се појавувцаат на нејзиниот пат.[1][2] Песната е првата до побрз ритам во списокот на неколку сингла кои се издадени пред него.[3]

Розга првпат кратко им ја претставила песната на нејзините фанови на 19 март заедно со кратка снимка од нејзиното музичко видео преку сопствениот профил на Инстаграм. Во описот на видеото, таа го споделила текстот од песната кој гласи "Sve puca, a ja cijela ostala" (македонски: Сѐ пука, а јас останав цела). По излегувањето на извадокот, песната добила бројни позитивни коментари на платформата од страна на нејзините фанови.[4] Потоа, Розга изјавила дека песната ќе биде издадена на 22 март заедно со уште неколку извадоци.

Покрај издавањето, Розга го објавила следниот текст кога се однесува за концепцијата на песната: "Секогаш е добро да работиш со нелого, кој, некој може да рече дека те познаваат во душата и кој знае колку е битно да останеш верен на себеси. Уживав во целиот процес на правењето на оваа песна, од првите снимени мелодии до крајот на снимањето на музичкото видео, на што гледам како на вистински визуелен десерт и не можам да ги дочекам реакциите на моите фанови".[1]

Музичко видео

уреди

Музичко видео за песната премиерно излегло на 22 март 2024, во режија на Милош Шаровиќ. NN media служела како продукциска компанија предводена од продуцентот Александар Пејчиќ.[5][6]

Видеото прикажува уметнички снимки од Розга како ја пее песната во камерара, вклучувајќи ги и тие пред светло во темна маглива соба, опкрижена од танчери, како пее во простор во којшто е опколена од црвени ливчиња на цветови и како ја пее песната додека држи новина со насловот "Od čega sam" ("од што сум") додека гори. Во други сцени, може да се види како лежи на подот заедно со нејзините женски танчерки и како тие држат цвеќиња во рацете. Во повеќето сцени, та е облечена во црно со црна шапка на главата.[5] Гол машки модел може да биде виден во клипот, а Розга му се приближува во некои сцени. Кон мостот и последниот рефрен на песната, Розга пее додека е целосно опколена од оган. Од април 2024, видеото има повеќе од 650.000 прегледи на платформата за прикачување и гледање видеа, Јутјуб.

Табели

уреди

За табелата од крајот на неделата датирана 25 март 2024, „Od čega sam ja“ дебитира на 9-то место на хрватската HR Top 40 табела, којашто исто така претставувало највисок нов влез за таа недела.[7] Наредните две недели, песната се поместила на десеттото место на табелата.[8][9]

Настап на табели за „Od čega sam ja“
Табела (2024) Највисока
позиција
Хрватска (HR Top 40)[7] 9

Кредити

уреди

Кредитите за "Od čega sam ja" се преземени од официјалниот опис на музичкото видео на Јутјуб.[5]

Кредити на песната
  • Музика: Иван Хуљиќ
  • Текс: Иван Хуљиќ
  • Музички аранжман: Лео Шкаро, Дарко Димитров, Иван Хуљиќ
  • Микс: Лео Шкаро
  • Мастеринг: Горан Мартинац
Видео кредити
  • Режисер: Милош Шаровиќ
  • DOP: Немања Новаковиќ
  • Продуцент: Александар Пејчиќ
  • Продукција: NN media
  • Организатор: Софија Петковиќ
  • Прв AD: Рале Обренов
  • Уредник: Марија Шарац
  • Vfx: Андрија Гркиќ
  • Сценографија: Орјен Џуриќ
  • Поправка на боја: Никола Маринковиќ
  • Focus puller: Миодраг Тодоровиќ
  • Гафер: Милош Вученовиќ
  • Grips: Иван Лековиќ Гарац
  • Кореографер: Јелена Булатовиќ
  • Танчерки: Јелена Булатовиќ, Тамара Пјевиќ, Андреа Добриќ, Наталија Џикановиќ
  • Модел: Марко Краљевиќ
  • Стилист (Јелена Розга): Милош Окс
  • MUA (Јелена Розга): Саша Јоковиќ
  • MUA (модели): Ирена Милетиќ
  • Фризер (Јелена Розга): Маја Станишиќ
  • Фризер (модели): Маја Станишиќ

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Jelena Rozga i Ivan Huljić ruku podruku! Stigla pesma "Od čega sam ja" - i hrabra i ranjiva“ [Јелена Розга и Иван Хуљиќ рака под рака! Стигна песната "Od čega sam ja" - и храбра и ранлива]. 24sedam (српски). 22 март 2024. Посетено на 13 април 2024.
  2. "Od čega sam ja" nova je pjesma Jelene Rozge čiji tekst i glazbu potpisuje Ivan Huljić“ ["Od čega sam ja" е новата песна на Јелена Розга чии текст и музика ги потпишува Иван Хуљиќ]. Novilist.hr (хрватски). 21 март 2024. Посетено на април. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  3. Покрајац, Силвија (19 март 2024). „Jele Kraljica / Rozga raspametila fanove videom, već sada je hit: 'Sve puca, a ja cijela ostala' [Јеле кралица / Розга ги изненадува фановите со видеи, уште сега е хит: 'Сѐ пука, а јас останав цела']. Net.hr (хрватски). Посетено на 13 април 2024.
  4. „Video Jelena Rozga pustila je obožavateljima isječak nove pjesme: Pogodila si me u srce“ [Видео Јелена Розга им пушти на обожавателите исечок од новата песна: ме погоди в срце]. Vecernji.hr (хрватски). 20 март 2024. Посетено на 13 април 2024.
  5. 5,0 5,1 5,2 Jelena Rozga - Od čega sam ja. Јелена Розга. 22 март 2024. https://www.youtube.com/watch?v=JYoMVuN29cw&ab_channel=JelenaRozga. 
  6. „(Video) Jelena Rozga objavila novi singl: Za one žene koje su bar jednom, neku ranu, morale zašiti same“ [(Видео) Јелена Розга објави нов сингл: за оние жени кои барем еднаш, некоја рана, морале да ја зашијат сами] (Montenegrin). Дан. 21 марр 2024. Посетено на 13 април 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. 7,0 7,1 „HRtop40 14. tjedan 2024. (25.03.2024. – 31.03.2024.)“ [HRtop40 14-та недела 2024. (25.03.2024. – 31.03.2024.)] (хрватски). top-lista. 25 март 2024. Посетено на 13 април 2024.
  8. „HRtop40 15. tjedan 2024. (01.04.2024. – 07.04.2024.)“ [HRtop40 15-та недела 2024. (01.04.2024. – 07.04.2024.)] (хрватски). top-lista. 1 април 2024. Посетено на 23 април 2024.
  9. „HRtop40 16. tjedan 2024. (08.04.2024. – 15.04.2024.)“ [HRtop40 16-та недела 2024. (08.04.2024. – 15.04.2024.)] (хрватски). top-lista. 8 април 2024. Посетено на 23 април 2024.[мртва врска]