Иван Анастасов Грчето

Иван Анастасов Грчето — македонски револуционер, драмски војвода и член на Македонската револуционерна организација.[1]

Иван Анастасов Грчето
Роден 1880
Мелник
Починал 1904

Животопис

уреди

Иван Анастасов Грчето е роден во Мелник, Пиринска Македонија. Учителствувал во селото Игуменец, Петричко. Од 1900 година, се борел како комита во четата на Гоце Делчев. Учествувал во Илинденското востание во Драмско, во неколку битки со турската војска: кај селото Калапот и Горенци. По востанието, бил назначен од страна на Организацијата за драмски војвода.

Во почетокот на 1904 година, како војвода на чета од 14 души се упатил кон Драмско, но четата паднала во заседа. Сите членови на четата загинале.

Наводи

уреди
  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 7