Зу сан ли
Зу сан ли - точка под чашката на коленото којашто се користи во Источната медицина.
Функции на Зу сан ли
уредиСпоред кинеската и јапонската традиционална медицина, човекот има 365 точки и 12 главни меридијани. Точката „зу сан ли“ се наоѓа под чашката на коленото, во вид на мало вдлабнување меѓу коските. Во Кина, таа е позната како точка на долговечноста, а во Јапонија како точка на стотина болести.[1]
Според јапонската традиционална медицина, оваа точка:
- ја контролира работата на долната половина на телото
- ја контролира работата на ’рбетниот мозок во деловите што се одговорни за функционирањето на гастроинтестиналниот тракт, половите органи, бубрезите и надбубрежната жлезда.[2]
Оттука, според јапонската традиционална медицина, секојдневното масирање на оваа точка помага во лекувањето на многу болести, како: запек, гастритис, инконтиненција, икавица. Исто така, се верува дека масажата на оваа точка ги има и следниве поволни ефекти: го нормализира крвниот притисок, ги нормализира гликозата и инсулинот, го регулира имунитетот, го подобрува варењето, ги намалува последиците од мозочен удар итн.[3]
Масажа на Зу сан ли
уредиПритоа се препорачува точката да се масира наутро, и тоа девет пати со кружни движења во насоката на стрелката на часовникот, во траење од 10 минути на секоја нога. Пред масажата, човекот треба да заземе удобна седечка положба, да го смири дишењето и да навлезе во состојба на хармонија. Точката може да се масира со прстите или со помош на зрно од ориз, зоб или други житарки. Исто така, се верува дека најдобар ефект се постигнува ако масирањето на оваа точка се врши за време на млада месечина.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Зу сан ли или точката на долговечноста бара само 10 минути масажа дневно“, Здравје, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 28-29.
- ↑ „Зу сан ли или точката на долговечноста бара само 10 минути масажа дневно“, Здравје, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 30.
- ↑ „Зу сан ли или точката на долговечноста бара само 10 минути масажа дневно“, Здравје, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 30.
- ↑ „Зу сан ли или точката на долговечноста бара само 10 минути масажа дневно“, Здравје, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 30.