Знаме на Фиџи
Знамето на Фиџи е официјалното знаме на оваа океанска држава. Сегашното знаме на Фиџи било усвоено на 10 октомври 1970 година. Освен мали модификациии, ова знаме се користело и за време на колонијата.
Употреба | државно знаме |
---|---|
Сразмер | 1:2 |
Усвоено | 10 октомври 1970 |
Опис | Светлосина позадина со националниот грб во слободниот дел и со британското знаме во кантон |
Варијанта на знамето на Фиџи | |
Употреба | historical |
Сразмер | 1:2 |
Усвоено | 1924 |
Опис | Слично на сегашното. Поранешно знаме на Фиџи. |
Опис
уредиЗнамето е составено од сина позадина каде во кантонот стои британското знаме, а во слободниот дел стои штитот од националниот грб. Сината боја го симболизира Тихиот Океан, кој е важен за државата и населението. Знамето на Обединетото Кралство ги симболизира врските на државата со Кралството. Пранешното колонијално знаме било со потемна сина боја и бил прикажан целосниот грб, а не само дел. Во државата дел од луѓето сакаат да се извади британското знаме, дел се за зачувување поради историски причини. Некои видни личности во Фиџи се за приказ на целиот национален грб на знамето, заедно со кану и националното мото (симболите на кралството Вити).
Останати знамиња
уреди-
Управно знаме
-
Морнаричко знаме
-
Цивилно воздухопловно знаме.
Наводи
уреди- High Симболи на Фиџи Архивирано на 28 септември 2007 г.
- Barraclough, E. M. C. and Crampton, W. G. (1978). Flags of the World. London: Frederick Warne. ISBN 0-7232-2015-8. P. 209 et seq. "The Civil Air Ensign is like that of Britain, except that it has the shield of Fiji placed on the arm of the cross."
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиОваа статија поврзана со Фиџи е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |