Знаме на Палестина

Знамето на Палестина е дизајнирано во 1916 за време на арапската побуна против Отоманското Царство. Во 1917 година е користено како знаме на арапското национално движење. Во 1948 година владата на цела Палестина повторно го усвоила знамето, а во 1964 година е усвоено како знаме на палестинскиот народ. Во 1988 година знамето станало официјално знаме на Палестина.

Знамето на Палестина

Знамето се состои од три хоризонтални линии со панарапски бои (црна, бела и зелена) и црвен триаголник на левата страна.

Поврзано

уреди