Знаме на Обединетите Нации
Знамето на Обединетите Нации е усвоено на 20 октомври 1947 година.
Знамето е официјален амблем на Обединетите Нации. На него е прикажана планетата Земја во бела боја на сина позадина опкружена со маслинови гранчиња, кои го симболизираат мирот. СИната позадина ги симболизира сите луѓе на светот. Знаме слично на ова првпат е употребено во 1945, со разлики во прикажувањето на планетата земја [1]. Белата и сината боја се официјалните бои на Обединетите Нации.
Знамиња изведени од знамето на ОН
уреди-
Знамето на Меѓународна агенција за атомска енергија (ИАЕА)
-
Знамето на УНЕСКО
-
Знамето на Светската здравствена организација
-
Знамето на Светската Метеоролошка Организација (СМО)
-
Неофицијалното знаме на Антарктикот