Меѓународна агенција за атомска енергија

(Пренасочено од ИАЕА)

Меѓународната агенција за атомска енергија (англиски: International Atomic Energy Agency - IAEA) е меѓународна организација, основана во 1957 година. Седиштето на организацијата е во Виена, Австрија.

Меѓународна агенција за атомска енергија
Меѓународна агенција за атомска енергија
`
ВидМеѓународна организација
Правен статусАктивен
СедиштеВиена, Австрија
Членство173 Земји-членки[1]
Мреж. местоwww.iaea.org

Во 2005 година на МААЕ и на нејзиниот поранешен Генерален директор Мохамед Елбарадеј им е доделена Нобеловата награда за мир.

Македонија во Мегународната Агенција за Атомска Енергија е прва организација која имаше претставник од Република Македонија во состав на мегународните функционери. Академик Ратко Јанев беше прв мегународен службеник од Македонија во системот на ОН.

Главнa задача

уреди

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е прва глобална меѓународна организација за промовирање на мирно користење на јадрената енергија и технологијата. Основната задача на Меѓународната агенција за атомска енергија е да се ограничи и забрани употребата на јадрената технологија за воени цели и за производство на јадрено оружје.

Правен статус

уреди

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е формирана како независна организација во системот на Организацијата на Обединетите нации (ООН) на 29 јули 1957 година. Според посебна спогодба меѓу Обединетите нации и Меѓународната агенција за атомска енергија, оваа организација правно е дел од системот на ООН, како автономна организација договорно поврзана со ООН, со определни одговорности во однос на Генералното собрание на Обединетите нации, согласно нејзината основна задача определена во Статутот.

Главни органи на IAEA

уреди

Организационата структура на МААЕ е определена според нормите и правилата од Статутот, како највисок правен акт на оваа Агенција. Меѓународната агенција за атомска енергија има три главни органи: Советот на гувернерите, Генералната конференција (составена од сите држави членки) и Секретаријатот (на чело со Генерален директор, како највисок службеник на овој административен орган).

Членство

уреди

Во моментов, Меѓународната агенција за атомска енергија има 173 држави - членки.

Јазици во IAEA

уреди

Службените јазици се утврдени со Статутот на МААЕ. Службените јазици на организацијата се англиски, француски, арапски, кинески, руски и шпански јазик.

Надворешни врски

уреди

Документи

уреди

Наводи

уреди

Литература

уреди
  • Игор Јанев, Дипломатија, Институт за политички студии, Белград, 2013, ISBN 978-86-7419-261-0
  • Игор Јанев, Мегународно право и мегународни односи, Институт за политички студии, Белград, 2012, ISBN 978-86-7419-244-3
  • Игор Јанев, Меѓународни организации и интеграции, Институт за политички студии, Белград, 2008
  • H. G. Shermers, International Institutional Law, Martinus - Nijhoff Publishers, Netherlands, 1980
  • Black, Jeremy. A History of Diplomacy (U. of Chicago Press, 2010) ISBN 978-1-86189-696-4
  • Berridge, G. R. Diplomacy: Theory & Practice, 3rd edition, Palgrave, Basingstoke, 2005, ISBN 1-4039-9311-4
  • Cunningham, George. Journey to Become a Diplomat: With a Guide to Careers in World Affairs FPA Global Vision Books 2005, ISBN 0-87124-212-5
  • Dorman, Shawn, ed. Inside a U.S. Embassy: How the Foreign Service Works for America by American Foreign Service Association, Second edition February 2003, ISBN 0-9649488-2-6
  • Callieres, Francois De. The Practice of Diplomacy (1919)
  • Fischer, Roger and Ury, William L. Getting to Yes: Negotiating Agreement Without Giving In (1991)
  • Hill, Henry Bertram. The Political Testament of Cardinal Richeleiu: The Significant Chapters and Supporting Selections (1964)
  • Kennan, George F. American Diplomacy (Walgreen Foundation Lectures) (1985)
  • Kissinger, Henry. A World Restored: Metternich, Castlereagh, and the Problem of Peace: 1812-1822 (1999)
  • Kissinger, Henry. Diplomacy (1999)
  • Kurbalija J. and Slavik H. eds. Language and Diplomacy DiploProjects, Mediterranean Academy of Diplomatic Studies, Malta, 2001, ISBN 99909-55-15-8. The volume contains collection of paper presented at the international conference.
  • Garrett Mattingly, Renaissance Diplomacy Dover Publications, ISBN 978-0-486-25570-5
  • Metternich, Clemens von. Mettetnich: The Autobiography, 1773-1815 (2005)
  • Nicolson, Sir Harold George. Diplomacy (1988)
  • Nicolson, Sir Harold George. The Congress of Vienna: A Study in Allied Unity: 1812-1822 (2001)
  • Nicolson, Sir Harold George. The Evolution of Diplomatic Method (1977)