Знаме на Франција
Знамето на Франција (француски: drapeau tricolore, drapeau français или les couleurs) е официјалното знаме на оваа европска држава. Знамето е познато како француски триколор или само како триколор. Знамето е составено од три еднакви вертикални ленти во сина, бела и црвена боја.
Назив | Триколор |
---|---|
Употреба | државно знаме |
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 15 февруари 1794 |
Опис | Три вертикални ленти во сина, бела и црвена боја |
Творец | Жилбер Лафајет, Жак-Луј Давид |
Варијанта на знамето на Франција | |
Употреба | пловно знаме |
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 17 мај 1853 |
Опис | Исто како и претходното, но со различни големини на лентите со размер 30:33:37 |
Дизајн
уредиScheme | Сина | Бела | Црвена |
---|---|---|---|
Pantone[1] | Рефлексивна сина | Safe | Црвена 032 |
CMYK | 100.70.0.5 | 0.0.0.0 | 0.90.86.0 |
RGB[1] | (0,85,164) | (255,255,255) | (250,60,50) |
HTML[1] | #0055A4 | #FFFFFF | #EF4135 |
СПБ | S 2565 R80B | н/п | S 0580 Y80R |
Симболизам
уредиСината и црвена боја се традиционални бои на Париз кои и денес се користат на парискиот грб. Сината се поврзува со Свети Мартин Турски, додека црвената со Свети Денис. Белата боја се сметала за традиционална француска боја и била нарекувана „античка француска боја“. Белата боја била додадена на револуционерните бои (црвена и сина) и се создал триколорот.[2]
Француските училишта ги учат децата дека секоја боја претставува слој од стариот режим: белата е симболизам за свештеништвото, црвената за благородниците и сината за буржуазијата.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Die Symbole der französischen Republik“ (германски). Embassy of the French Republic in Germany. Посетено на 2009-09-28.
- ↑ „The French flag“. Архивирано од изворникот на 2008-10-14. Посетено на 2008-03-22.
Додатни информации
уреди- Flags Through the Ages and Across the World, Smith, Whitney, McGraw-Hill Book Co. Ltd, England, 1975. ISBN 0-07-059093-1.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Знаме на Франција“ на Ризницата ? |
Оваа статија поврзана со Франција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |