Знаме на Демократска Народна Република Кореја
Знамето на Демократска Народна Република Кореја било усвоено на 8 септември 1948 година[1] како национално знаме на државата. Првичното усвоено знаме на Северна Кореја било набрзо редизајнирано за да добие покомунистички карактер како додавање на црвена петокрака на бел диск.
Назив | 람홍색공화국기(발) Ханча: 藍紅色共和國旗(발) |
---|---|
Употреба | државно и пловно знаме |
Сразмер | 1:2 |
Усвоено | 8 септември, 1948 |
Опис | Црвено-сино-бело знаме со бел диск со петокрака во средината |
Традиционалното корејско знаме е црвено, бело и сино. Владата во Северна Кореја со мали модификации во боите и дизајнот го создале денешното знаме и го додале белиот диск со црвената петокрака. Белиот диск го претставува тегокот кој се наоѓа на јужнокорејското знаме. Црвената боја ја означува револуцијата и комунизмот, сините линии ги означуваат суверенитетот, мирот и пријателството. Белата боја означува чистота.
Галерија
уреди-
Знаме на Работничката партија на Кореја