Зелен скакулец
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Потколено: Шестоноги
Класа: Инсект
Ред: Правокрилци
Подред: Ensifera
Семејство: Tettigoniidae
Род: Tettigonia
Вид: T. viridissima
Научен назив
Tettigonia viridissima
(Linnaeus, 1758)

Зелениот скакулец (Tettigonia viridissima) е правокрилен инсект во семејството на Tettigoniidae. Има добро развиени трети нозе за скокање. Достигнува должина до 3,5 cm. Пипалата му се подолги од телото и се свртени наназад. Телото му е зелено. Кога е во зелена средина (трева, гранки, лисја) не се забележува и сосема е заштитен. Активен е преку ден. Се среќава по ливади и ниви во текот на летото и есента. Распространет е низ цела Македонија. [1]

Распостранетост

уреди

Зелениот скакулец може да се најде од западна европа до источна кина. [2] Широко распостранет од низините сè до 2000 м во планините; во различни (обично влажни) станишта, на лето мажјаците се огласуваат од високите дрвја. Се хранат со растенија и инсекти. Јајцата (снесени во земјата) хибернираат; имага – од Јули до Октомври. [3]

 
Женка во близина на гр. Манхајм, Баден-Виртемберг

Опис

уреди

Мажјаците се долги 28-36 mm, а женките од 32 до 42 mm. Вкупната должина од главата со крилјата е 5сm. Зелениот скакулец е најчесто зелен по боја со кафеава пруга на горниот дел на крилјата. Кај женката, овипозиторот е долг до крајот на крилјата.

Мажјак во зелена и женка во жолта боја

Овој вид е главно месојаден кој се храни со инсекти (муви, лисни вошки, итн.). Нивните јајца презимуваат и младенчињата се појавуваат во пролетта. Младенчињата растат преку отфрлање на нивната кожа повеќе пати, преку кое нивната крајна форма има целосно созреани крилја и репродуктивни органи. Овој вид е активен во дента и ноќта, пеејки од попладне до ноќта. Женката положува група јајца во растресита земја, покријани во слуз кој се зацврстува во отворен воздух. [2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Македонска Енциклопедија II (стр. 1365)“ (PDF).
  2. 2,0 2,1 „Inventaire national du patrimoine naturel - информации за зелениот скакулец“.
  3. „Фауната на Правокрилците на националниот парк Пелистер (стр. 50 и 51)“.

Надворешни врски

уреди