Правокрилци
Период: Карбон – денес
Gryllotalpa gryllotalpa.
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Поткласа: Pterygota
Инфракласа: Neoptera
Надред: Orthopteroidea
Нерангирано: Exopterygota
Ред: Orthoptera
Latreille, 1793
Рецентни подредови и натсемејства

Подред Ensifera

Подред Caelifera


Правокрилците (научно: ред Orthoptera) се група на инсекти кои подлежат на нецелосна метаморфоза во нивниот развиток. Овој ред е поделен на два подреда, и тоа:

Многу инсекти од овој ред произведуваат звук (процес познат како ,,стридулација‘‘) со меѓусебно триење на нивните крила или нозе, при што и на двете се наоѓаат брановидни испапчувања. Тимпанумот (тапанчето) или увото се наоѓа на предната тибија кај штурците, и на првиот абдоменален сегмент кај скакулците. Овие организми користат вибрации за да ги лоцираат другите единки.

Претставниците од овој ред можат да ги свиваат своите крила, што ги прави дел од групата Neoptera.

Општи одлики

уреди

Правокрилците ги поседуваат најкарактеристичните одлики на инсектите. Тие имаат кутикула изградена од хитин, поседуваат шест нозе, а телото се состои од три дела (глава, торакс и абдомен) и градбата на дигестивниот, нервниот, репродуктивниот и респираторниот систем е иста како кај другите инсекти.

Класификацијата на оваа група на инсекти како посебен ред се врши врз основа на следните одлики:

  • Поседуваат два пара на крила. Обично тие се добро развиени. Предните крила се долги и тесни со пергаментен изглед. Се нарекуваат и псевдоелитри.