Зелен базилиск[1]
Зелен базилиск (мажјак)
Зелен базилиск (женка)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Гуштери или Игуани
Семејство: Гребеноглави гуштери
Род: Базилиск
Вид: Зелен базилиск
Научен назив
Basiliscus plumifrons
(Cope, 1876)

Зелен базилиск (научBasiliscus plumifrons) — вид гуштер од семејството на гребеноглавите (Corytophanidae), чие природно живеалиште е Средна Америка.

Животнотно може да се види во терариумот на Зоолошката градина во Скопје.[2]

Географски опсег

уреди

Во природата овој гуштер може да се сретне во источен Хондурас, Никарагва, Костарика и западна Панама.[3][4]

Таксономија и етимологија

уреди

Општото име „базилиск“ потекнува од легендарните влекачи од европската митологија кои можеле да го претворат човека во камен со само еден поглед односно станува збор за т.н. базилисци.[5] Името потекнува од старогрчкиот збор basilískos (што всушност значи „малечок крал“.[5] Овој епитет е запишан во десеттото издание на Линеевата Systema Naturae.[5]

Опис

уреди

Зелените базилисци се со светлозелена боја со мали синкави точки по грбниот предел. Овие гуштери можат да пораснат до 1 метар должина, при што поголемиот дел од должината отпаѓа на опашката, со просечна должина на опашката од 60 см. Мажјаците имаат три перјаници: една на главата, една на грбот и една на опашката.Од друга страна пак женките, имаат само една перјаница на главата.

Исхрана

уреди

Зелените базилисци се сештојадци и се хранат со инсекти, мали цицачи (на пример глодачи), помали видови на гуштери, овошје и цветови. Овие гуштери се плен на птици грабливки, опосуми и змии.

Размножување

уреди

Женките припаднички на овој вид можат да снесат од 5 до 15 јајца во топол влажен песок или почва. Јајцата се изведуваат по осум или десет недели, при што младенчињата по изведувањето се целосно независни.

Однесување

уреди

Мажјаците се мошне територијални, единечен мажјак може да владее со земјиште на кое има повеќе женки со кои истиот се пари. Повеќето базилисци се плашливи, и не поднесуваат подолги периоди да минуваат во раце кога се чуваат во заробеништво.

Овој гуштер може да претрча кратки растојанија преку вода користејчи ги своите две стапали и опашката како поддршка, способност која ја споделуваат сите останати базилисци и молучкиот едрест гуштер (Hydrosaurus amboinensis). Во Костарика, оваа способност на гуштерот му го донела прекарот „Исус Христос“. Станува збор за одличен пливач кој може да остане под вода и до 30 минути.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Basiliscus plumifrons. Обединет таксономски информативен систем. (англиски)
  2. „Базилиск“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-04. Посетено на 14 јуни 2015.
  3. Kohler, G. (2008). Reptiles of Central America, 2nd edition. ISBN 978-3936180282
  4. Savage J. M. (2005). The Amphibians and Reptiles of Costa Rica: A herpetofauna between two continents, between two seas. ISBN 978-0226735382
  5. 5,0 5,1 5,2 Robert George Sprackland (1992). Giant lizards. Neptune, NJ: T.F.H. Publications. ISBN 0-86622-634-6.

Надворешни врски

уреди