Згради на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп
Згради на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп — управни згради во градот Прилеп, прогласени за културно наследство на Македонија.[1] Во нив е сместен Заводот и музеј, кој се грижи за културно-историските добра на прилепскиот крај и изложува поставки во својот музејски простор.
Згради на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп | |
---|---|
Постарата зграда | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | музејски, складиштен и канцелариски |
Стил | староградски |
Адреса | ул. „Александар Македонски“ бр. 142 |
Град | Прилеп |
Земја | Македонија |
Завршена | 1941 (прва) 1970 (втора) |
Историја
уредиЗградите се наоѓаат на улица „Александар Македонски“ (старо име „Моша Пијаде“) бр. 142. Едната е изградена од 1939 до 1941 година, а другата во 1970 г.[2] Првично ова била зградата на Општина Прилеп, а со изградбата на новата општинска зграда, тука е сместен Институтот и музеј.[3]
Опис
уредиЕдната зграда е приземна, со масивни уидови од тула и Дрвен повеќеводен покрив со ќерамиди. Се влегува непосредно од улица. Има голема внатрешна сала преку која која се влегува во изложбениот простор, библиотеката и една канцеларија.[2]
Втората зграда се состои од приземје и кат. Изградена е исто така од полна тула и има дрвен покрив со ќерамиди. Влезот е од задниот двор, а просториите се насочени кон север и запад, и се користат како депоа.[2]
Во рамките на комплексот има и приземни објекти од тула со дрвен покрив и ќерамиди, сместени на југи запад. Тука исто така има депоа и канцеларии.[2]
Градбите имаат украсни елементи фасадите и зачуван ритам на прозорците.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „НУ ЗЗСК и Музеј - Прилеп“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 27 октомври 2017.[мртва врска]
- ↑ „Почетоци и развој на музејската дејност“. НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп. Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 3 ноември 2017.