Зграда на Агенцијата за катастар (Прилеп)
Зграда на Агенцијата за катастар — административна зграда во градот Прилеп, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1]
Зграда на Агенцијата за катастар | |
---|---|
Куќата на бр. 149 | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќи |
Стил | неоклсицизам, необарок |
Град | Прилеп |
Земја | Македонија |
Завршена | прва половина на XX век |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Историја
уредиЗградата е сместена на улицата „Александар Македонски“ бр. 147 и 149. Се состои од две функционално поврзани градби изградени во текот на првата половина на XX век како одделни куќи. Изградени се во различно време од различни градители.[1]
Архитектура
уредиКуќите се типични претставници на архитектурата од почетокот на XX век и се изградени во неокласичен стил со елементи на необарок. Особено се истакнуваат југоисточните фасади. Куќата на запад (бр. 149) се состои од приземје и кат, има квадратна основа и е симетрично решена. Градбата е масивна со ѕидови од полни тули на камено цокле со прозорци. Меѓукатната конструкција е од армиран бетон, а покривната е дрвена со ќерамиди. Приземјето има средишно поставен влез и е издигнато на четири скалила. Станбените простории се распоредени околу седишно сместен салон, на чиј северен крај има скалиште. Предната фасада е богато украсена, особено околу прозорците, кои имаат пиластри обработени со канелури и архитравна завршница.[1]
Источната куќа (бр. 147) е изградена подоцна. Има квадратна основа со симетрично решена основа и предна фасада. Се состои исто така од приземје и кат. Изградена е од полна тула врз камено цокле. Југоисточната фасада е богато украсена слично како соседната куќа. Има раскошни необарокни приодни скали од бел мермер, кои водат до затворен трем со богато украсена врата и два тесни прозорци од страните. Влезот е средишно сместен, а нивото на приземјето е подигнато на пет склаила. Во внатрешноста има средишно поставен салон. Меѓукатната конструкција е од армиран бетон, а покривната е дрвена со ќерамиди. Подоцна е додадена хоризонтална врска со западната куќа.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Објект на ул. „Александар Македонски" бр.147 и 149“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 3 октомври 2017.
Надворешни врски
уреди- Зграда на Агенцијата за катастар (Прилеп) на Ризницата ?