Збороформа
Збороформа е варијантата на зборот која се наоѓа во различни контексти (опкружувања). Се работи за збор кој не го менува своето основно значење, но во зависност од опкружувањето добива различни граматички белези.
На пр.: нога: ногава, ногата, ногана, нозе, ноџе, нозете, ноџето итн.
Зборот НОГА во примерите не го променил своето основно значење, туку добил разни граматички белези. Од овој пример се гледа дека коренот понекогаш може да се промени. Тука станува збор за варијанти на коренската морфема: ног-: ноз-, ноџ-.
Има повеќе поделби на зборовите. Најстара е онаа во која тие се групирани според своите внатрешни својства.
На пример, сите зборови што означуваат име на нешто (предмет, појава, чувство итн.) спаѓаат во групата именки. Другите групи ги сочинуваат: придавки, заменки, глаголи, броеви, прилози, предлози, сврзници, извици, честички и модални зборови.
Според своите надворешни својства, зборовите се делат на:
- менливи и
- неменливи.
Менливите зборови може да претрпуваат промени, односно со додавање претставки и наставки го менуваат своето граматичко значење.
На пример: на именката „врата“ може да и додаваме разни граматички значења: врати (множина), вратата, вратава, вратана (определеност), итн.
Неменливите зборови не претрпуваат никакви промени. Тие секогаш се јавуваат во истата форма.
На пример, сврзникот „и“ не може да го промениме, понатаму зборовите: по, во, над, ако, меѓу, ќе, итн. не претрпуваат промени.
Менливи зборови се:
1. именки
2. придавки
3. заменки
4. броеви
5. глаголи
1. прилози
2. предлози
3. сврзници
4. извици
5. честички
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |